fbpx
Почетна АНАЛИЗИ На кој начин згаснуваат фирмите кај нас?

На кој начин згаснуваат фирмите кај нас?

Анализата на податоците од Таргет Груп ДОО, покажува дека во периодот од 1.1. 2014 до 31.3. 2019 година во земјава биле неактивни, односно затворени вкупно 9968 фирми. Од нив најголем број, односно 3914 или 39,2 %, биле згаснати во согласност со закон (според член 552-б од Законот за трговски друштва).

Постапката во овој случај предвидува од Трговскиот регистар да бидат избришани трговци поединци или трговски друштва доколку е исполнета некоја од следниве причини: не доставиле годишна сметка и финансиски извештаи за последната деловна година и не пријавиле упис на адреса на електронско сандаче за прием, во согласност со Законот за едношалтерски систем и водење единствен трговски регистар и регистар на други правни лица; доколку по истекот на една година од објавувањето на уписот на веб-страницата на Централниот регистар за извршен упис на основање не го внеле, односно не го уплатиле основачкиот влог, а постапката за бришење во овие случаи ја поведува Централниот регистар по службена должност.

На второ место се оние субјекти при чие затворање не била наведена причина, а такви биле 2403 или речиси една четвртина. По пат на ликвидација биле затворени 1750 бизниси, односно 17,5 %, додека на друг начин пропишан со закон биле згаснати 620 правни лица. Бришењето од Трговскиот регистар како причина било наведено во 576 случаи, односно кај 5,7 % од фирмите. Стечајот бил искористен за затворање на 554 претпријатија, додека со одлука биле деактивирани 127 фирми. Поради статусни промени престанале да функционираат 15 правни субјекти, додека во 9 случаи како причина за неактивност се наведува решение од Управата за јавни приходи.

Доколку сакате да дознаете колкав придонес имаат фирмите од Скопскиот регион во економијата притиснете овде.

Упатените велат дека со деактивирање според членот 552-б од ЗТД, практично Трговскиот регистар бил исчистен од фирми коишто не направиле ниту една зделка или трансакција, односно не профункционирале, затоа што основачите не го внеле или, пак, не го уплатиле основачкиот влог или не доставиле завршна сметка во роковите предвидени со закон. Во иднина се очекува многу повеќе да се користат ликвидацијата и стечајот како модели за затворање на бизнисот.

Во соработка со Таргет Груп, Бизнис Мрежа.

Новинар, Свето Николовски.

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!