fbpx
Почетна АНАЛИЗИ Најатрактивни дејности за започнување на бизнис

Најатрактивни дејности за започнување на бизнис

Почетниците во бизнисот најчесто одлучуваат да инвестираат во отворање ресторан или друг објект за подготовка и послужување на храна, односно најчесто станува збор за мали киосци за храна. На оваа дејност отпаѓаат 5,45 % од активните компании. На второ место со 3,61 % е трговијата на мало во неспецијализирани продавници, претежно со храна, пијалаци и тутун. На трето место, според атрактивноста, се фризерските и разните салони за разубавување на коишто отпаѓаат 3,59 %. Практично, на овие три дејности отпаѓааат вкупно 12,65 % од сите активни бизниси отворени во последниве пет години во земјава. Од 2014 до 2018 година, 965 субјекти или 3 % биле регистрирани за товарен патен транспорт. Тука спаѓаат разните превозници со различна зафатнина и тонажа на транспортните средства. За нијанса помало, односно 2,92 %, е учеството на трговијата на мало со облека во специјализирани продавници. Во оваа група се сите таканаречени бутици, продавници за текстил, но и трговци коишто продаваат на организирани пазари на отворено, односно на тезги.

Од вкупниот број на почетници, 913 или 2,84 % се определиле да започнат бизнис во дејноста одржување и поправки на моторни возила. Во оваа група се разните автосервиси од кои, според упатените, најголем дел повеќе се за козметички интервенции и поситни услуги отколку за посериозни зафати на моторното возило. Адвокатските дејности се релативно високо рангирани со 2,38 % од сите почетници, односно 765 од нив започнале со адвокатура. Колку биле успешни во бизнисот е друго прашање, но статистиката високо ги рангира. Нивната бројност се должи на високата продукција на завршени правници на бројните правни факултети во земјава и барањето вработување по положувањето на правосудниот испит. Кафулиња или слични објекти за подготовка или за послужување пијалаци, вклучувајќи ги и оние подвижните, отвориле 760 од новите бизнисмени или 2,36 % од сите активни фирми. За нијанса помалубројни, 747 или 2,32 % од сите, се бизнисите поврзани со сметководствени, книговодствени и ревизорски работи, вклучувајќи ги и даночните услуги.

Доколку сакате да дознаете во која банка стартапите најчесто отварале сметки, притиснете овде.

За волја на вистината, најбројни со 6,13 % од вкупниот број, сепак, се дејностите на други организации врз база на зачленување, неспоменати на друго место, односно 1975 во апсолутен број.

Топ листата на 10 најатрактивни дејности за нови бизниси ја заокружуваат неспецијализираните трговци на големо, односно различните трговски посредници коишто учествуваат со 2,16 % во вкупниот број на активни бизниси.

На долгата листа на дејности следуваат: другите неспецијализирани трговци на мало, изградбата на станбени и нестанбени згради, спортските клубови, а дури зад нив се производителите на леб и слатки, како и такси превозниците и програмерите.

Во соработка со Таргет Груп и Бизнис Мрежа.

Новинар, Свето Николовски.

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!