Анализираните осумнаесет германски компании во земјава лани реализирале вкупен приход од 304,38 милиони евра, што претставува зголемување за солидни 52 % во однос на претходната година. Само на две компании отпаѓаат 46,56 % од остварените приходи на сите осумнаесет германски компании во 2018 година. Велешки „Маркарт“ и кавадаречки „Дрекслмајер“ лани завртеле 141,734 милиони евра. Најголем поединечен приход од 73,9 милиони евра остварил „Маркарт“, на второ место е „Дрекслмајер“ со 67,7, а трет е прилепски „Гентерм“ со 56,2 милиона евра.

Извор: „Таргет груп“ ДОО – Скопје

Ова се трите компании со обрт поголем од 50 милиони евра, додека на пример четврторангираниот „Костал“ од Охрид имал приход од 23,4 милиони евра, односно за половина помалку во однос на „Гентерм“. Сличен сооднос има и со наредната компанија, шпедитерската „Шенкер“ од Скопје која прикажала приход од 12,5 милиони евра или за речиси половина помалку во однос на „Костал“. На шестата позиција е „Мац-сун травел“ од Скопје со 8,9 милиони евра, а веднаш зад неа е тетовски „Еколог“ со 8,72 милиони евра. Осморангирана е транспортната „Мејер“ од Штип со приход од 8,7, додека веднаш зад неа е „ДХЛ“ со 7,9 милиони евра приход во 2018 година. Десетторангираната „Мактрикс“ од Охрид е последна чијшто приход надминува износ од 7 милиони евра. Наредните две, „Киел Македонија“ и „Везе шари“, прикажале приходи од 6,6, односно 6,2 милиона евра. Компаниите „Вибе“, „Шмиц“ и „Окитекс“ се во групата со обрт поголем од 5 милиони евра, додека „Геинг“ и „Месер“ имале приход од 4,5, односно 4,4 милиони евра. Последнорангирана е „Имморекс“ со приход од 3,8 милиони евра во 2018 година.

Најуспешна „Вибе“ со раст на приходите од 1640 % во 2018 година

Ако се анализира процентуалното зголемување на приходите, убедливо на прво место е „Вибе“ со 1640 % раст во однос на претходната година. На второ место е „Киел Македонија“ со 891 %, а трета е „Костал“ од Охрид со 182 %. Зад неа се „Мејер“ со 162 % и „Гентерм“ со 110 % зголемување на приходите во 2018 година во однос на годината пред неа. Од друга страна, намалување на приходите имале само четири германски компании. Од нив најголем пад од 26,4 % имала „Имморекс Македонија“, а веднаш зад неа е „Окитекс“ со 21,7 % пад на приходите.

Извор: „Таргет груп“ ДОО – Скопје

„Шмиц“ со 901 илјада евра приход по вработен

Интересни согледувања дава анализата на вкупниот приход спореден со бројот на вработени. Убедливо најдобра според овој индикатор е транспортната компанија „Шмиц“ од „Илинден“ со приход од 901,8 илјади евра. Второрангирана е „Мац-сун травел“ со 559,2 илјади евра, а на трето место е „Имморекс Македонија“ со 554,6 илјади евра приход по вработен. „Мактрикс“ од Охрид имала 486,7 илјади евра, додека „Мејер“ од Штип 322,1 илјада евра по вработен. Најнизок приход по вработен имала текстилната „Окитекс“ од Скопје со 10634 евра, што е намалување за 22,5 % во однос на претходната година.

Извор: „Таргет груп“ ДОО – Скопје

Очигледно е дека најголем дел од компаниите со германски капитал што се избрани од „Таргет груп“, односно 14 од нив, работеле успешно и имале зголемување на приходите, додека само кај 4 имало намалување.

Новинар, Свето Николовски

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.


ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде