fbpx
Почетна АНАЛИЗИ Наплата на даночните приходи помала од планираното

Наплата на даночните приходи помала од планираното

Полнењето на државниот буџет минатата година не се одвивало со планиранито темпо во делот на даночните приходи. И покрај тоа што со ребалансот на буџетот се скратија и приходите и расходите во државната каса, сепак на државата тешко и одела наплатата на даноците – покажуваат податоците на Управата за јавни приходи. Така, лани со ребалансот била планирана наплата на даночни приходи и придонеси од 2,58 милијарди евра, а биле наплатени 2,52 милијарди евра. Тоа значи дека наплатата на даночни приходи и придонеси во буџетот потфрлила за 55,9 милиони евра, односно биле собрани за 2,2 процентни поени помалку пари од планираните со ребалансот.

Управата за јавни приходи во одговорите за „Аналитика“ на пониската наплата не гледа како потфрлање во реализацијата на Буџетот.

„Во 2019 година, не може да се зборува за потфрлање на наплатата на вкупните приходи кога е остварен вкупен приход од даноци и социјални придонеси од плата во износ од 2.52 милијарди евра, што претставува 97,8% од вкупно планираните приходи од 2.58 милијарди евра за 2019 година,“- велат од Управата за јавни приходи.

Огромно потфрлање кај наплата на данокот на добивка за 24,5%

Иако вкупната реализација е висока, сепак наплатата на даноците била пониска за 68,6 милиони евра од планираното. Било планирано да се наплатат 1,4 милијарди евра, а наплатени се 1,34 милијарди евра.

Иако вкупната реализација е висока, сепак наплатата на даноците била пониска за 68,6 милиони евра од планираното. Било планирано да се наплатат 1,4 милијарди евра, а наплатени се 1,34 милијарди евра.

Најголем пад има кај наплатата на данокот на добивка за 24,5 проценти. Или со ребалансот било планирано да се соберат 248,8 милиони евра, а биле наплатени речиси 187 милиони евра, или за неверојатни 61,8 милиони евра помалку.

Ова од УЈП го правдаат со лошо планирање. Или една компанија во 2018 година платила 37,4 милиони евра данок на добивка, но не можеле да очекуваат дека тоа ќе се случи и во 2019 година, ама сепак проектирале повисок износ.

„Како една од причините за понизок износ на наплата на данокот на добивка е планираниот износ за 2019 година. Имено, во 2018 година, посебно може да се издвои еден даночен обврзник кој има статус на корисник на ТИРЗ според евиденцијата на УЈП, кој во текот на 2018 година има извршено уплата во износ од 37,4 милиони евра на данок на добивка. Овој износ секако не се очекуваше да се наплати и во 2019 година.“- велат од УЈП.

Дополнително од УЈП велат дека намалувањето на наплатата по основ на данокот на добивка е резултат и на изменување и дополнување на законот за данокот на добивка во 2018 година, каде се вршело појаснување и допрецизирање на одредбите, кои меѓу другото се однесуваат и на даночното ослободување за дадените донации во спортот преку ваучер системот, трансферните цени, непрофитните организации, непризнатите расходи и друго. Односно се уредува правото на обврзникот кој донирал финансиски средства на спортски субјекти (национални спортски федерации, спортски клубови, активни спортисти), да му се намали пресметаниот данок на добивка за износот на дадената донација, но најмногу до 50% од пресметаниот данок врз основа на ваучер издаден од Агенцијата за млади и спорт.

„Управата за јавни приходи направи анализа на плаќањата на данокот на добивка кои се извршуваат врз основа на поднесените даночни пријави и месечните пресметки базирани на утврдените основици од примените ДБ пријави во 2019 година за деловната 2018 година, како и анализа на состојбата на полињата кои се битни за утврдување на даночната основа- финансиски резултат од работењето (добивка/загуба). Анализата покажа дека во деловната 2018 во однос на 2017 година и покрај зголемените намалувања на даночната основа, остварена е повисока „даночна основа по намалување” и „пресметан данок на добивка” за 12,68% кај даночните обврзници кои плаќаат ДД согласно ЗДД“- објаснуваат од УЈП.

При тоа од УЈП објаснуваат дека само по основ на даноци во 2019 година, остварен е вкупен приход од 1.33 милијарди евра износ кој е понизок за 4,86% во однос на планираниот приход од 1.40 милијарди евра. Но според УЈП сепак овој наплатен износ е повисок за околу 1% во однос на остварениот приход од 1.32 милијарди евра во 2018 година. Признаваат дека намалувањето на наплатата во главно се должи на намалувањето на наплатата по основ на данокот на добивка.

Појаснуваат и дека во 2019 година е остварен вкупен приход по основ на социјални придонеси од плата во износ од 1.18 милијарди евра, износ кој е повисок за: 1,06% во однос на ребаланс планот и повисок за 9,16% во однос на остварениот приход во 2018 година во износ од 1.08 милијарди евра.

Новинарска обработка: Ф.А

Графичка обработка: Виктор Ѓуровски

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!