fbpx
Почетна ВЕСТИ Не, пандемијатa предизвикана од коронавирусот не и помага на животната средина

Не, пандемијатa предизвикана од коронавирусот не и помага на животната средина

Додека краткорочните придобивки од глобалниот карантин предизвикан од „Covid-19“ се во корист на животната средина, долгорочните ефекти ќе бидат катастрофални.

Бројни критичари го проширија низ јавноста позитивниот ефект врз животната средина што го има глобалниот карантин и рестрикции поради Covid-19. Квалитетот на воздухот значително се подобри во областите каде што има рестриктивни мерки за справување со вирусот, рибите се вратиja во каналите во Венеција, а сателитските набудувања од Европската вселенска агенција открија драстичен пад на загадувањето на воздухот во Европа. Како што рече Graham Dockery, ова се мерки и ефекти за заштита на животната средина за кои Greta Thunberg и другите екологисти само би можеле да сонуваат.

Но,не радувајте се прерано: на подолг рок, општествено исклучување што го видовме во Кина и низ цела Европа и Америка предизвикува глобална рецесија која ќе биде катастрофа за животната средина. Економската активност опадна. Вредноста на акциите на берзата падна. Многу бизниси остануваат без пари и значителен дел од нив ќе пропаднат. На пример, во Велика Британија, добро познатите продавници како Carphone Warehouse и Laura Ashley веќе подлегнаа на новонастанатата ситуација, како и регионалната авиокомпанија, Flybe. Тие бизниси веќе имаа финансиски проблеми пред да настане ситуацијата, но наскоро и посилните компании ќе се соочат со посериозни проблеми.

Владите нудат огромни суми на грантови и заеми за заштита на деловните активности и работниците. Но кога ќе се смири целата ситуација со коронавирусот и земените грантови и заеми ќе мораат да бидат вратени, дали ќе остане некој кој ќе може и ќе сака да финансира активности за свесност и вијание на климатските промени?

Во голема мерка намалувањето на емисиите на стакленички гасови може да се направи на два начина. Една од нив е со ограничување на користењето услуги што произведуваат штетни емисии – како летање и возење – ова може да се направи на едноставен начин со зголемување на трошоците или oграничување на бројот на употреба на овие активности или дури и само со ограничување на емисијата на штетни гасови која може да ги поризведува една индивидуа . Овој пристап исто така може да вклучува правила и регулативи за да нè принудат да се префрлиме на алтернативи кои согоруваат помалку јаглерод, како на пример забрана за употреба на котли за гас. Сепак, овие мерки ќе наметнат значителни трошоци за домаќинствата и деловните субјекти.

Може да се изврши притисок и преку технолошки промени на општествено ниво. Ова може да значи замена на голем дел од нашиот енергетски систем со алтернативи со ниско ниво на јаглерод. Обновливите извори на енергија како ветер и соларна енергија можат да сторат онолку колку што во моментот ќе нудат природните услови, бидејќи тие се наизменични (сонцето не свети ноќе) и непредвидливи (ветерот и сонцето се променливи). Ваквите извори на енергија ќе бараат голема промена во инфраструктурата.

Што значи сега ќе ни требаат нуклеарни централи кои се скапи и комплексни за градба. Цетнтралите нарачени European Pressurised Reactors (EPRs) кои се градат во Фиснка и Франција многу доцнат од предвидениот рок на завршување, се ноѓаат далеку над предвидениот буџет и сеуште не се во функција. Исто така, ќе треба да потрошиме многу, многу повеќе за истражување и развој на технологии кои ќе произведуваат ниско ниво емисии на јаглерод. Ресурсите посветени на развивање на нуклеарна фузија, на пример, се мали во споредба со суми посветен на други методи за намалување на емисиите. Буџетот на ITER најголемата интернационална соработка за фузија,е само 20 милијарди долари и се состои од 6 земји и ЕУ со рок на работа од 20 години. Треба да потрошиме многу повеќе за некаков резултат.

Сето тоа е скапо. Една проценка за Велика Британија, објавена во февруари, ја пресмета цената на „нето нула“ емисија на јаглерод како 3 трилиони фунти од сега до 2050 година – што е еквивалентно на 100 000 фунти по домаќинство. Според сегашниот животен стандард тоа се многу пари кои треба да се потрошат, не за подобрување на нашите животи, туку едноставно за да ја намалиме емисијата на јаглерод што ја произведуваме. Иако таа проценка е предмет на критика, таа ја опфаќа само ставката за намалување на емиссите во домаќинствата и “чистата” електрична енергија. Целокупната цена може да биде многу повеќе.

Исто така, ќе треба да најдеме нови градежни материјали за да го замениме цементот, кој произведува изненадувачки голема количина на емисии при неговото производство – што претставува околу осум проценти од глобалните емисии. Ако цементот беше земја, тој ќе беше трет по големина емитер во светот.

Значи, зголемувањето на стандардот ќе биде од суштинско значење да платиме за технологиите и пошироките економски промени што ќе треба да ги достигнеме за „нето нула“ емисија на јаглерод. Високиот стандард ни овозможува слобода да се грижиме за животната средина. Сиромашните луѓе се посветени на својот базичен опстанокот, а не на грижа за животната средина, како што се климатските промени.

Навистина, животната средина одамна е опсесија за елитата. Посиромашните земји се насочени кон обидот да станат побогати економии и малку се грижат за последиците кои ги остават врз животната средина. Традиционално, богатите Западни земји отсекогаш биле опседнати со животната средина. Левичарите честопати биле важни критичари на зелените идеи, сфаќајќи дека на обичните работници им е потребен голем економски раст за да го подигнат животниот стандард и да избегаат од сиромаштијата.

Што значи дека можеби зелените се радуваат во моментов на краткотрајно почиста животна средина, но каузата за справување со климатските промени ќе претрпи огромни штети, ако Covid-19 донесе пролонгирана глобална рецесија, што многумина мислат дека е многу возможно.

Извор:RT

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!