fbpx
Почетна ВЕСТИ Огромен пад на набавката на американски стоки во Кина

Огромен пад на набавката на американски стоки во Кина

Пандемијата ќе го намали бројот на стоки кои ќе ги купи Кина од САД годинава штo беa договорени во трговскиот договор „фаза 1“, според предвидувањата на тинк-тенк Центарот за стратешки и меѓународни студии.

Американскиот истражувачки центар предвидува дека извозот на американска стока во Кина би можел да достигне само 60 милијарди американски долари за целата 2020 година што е многу пониско од 186,6 милијарди американски долари потребни за исполнување на барањата во договорот што двете земји го потпишаа во јануари.

Прогнозата е „сценарио за најлош случај“ затоа што е многу возможно кинеските набавки на американски производи да пораснат подоцна во текот на годината додека економијата закрепнува, но какво било зголемување „нема да ја промени целокупната слика, само деталите“-изјави Скот Кенеди, постар советник и управник во секторот за управување со кинески бизниси и економија во CSIS, напиша во извештајот во петокот.

„Целите не беа реални од самиот почеток, тие беа само броеви што требаше да ја импресионираат јавноста. Пандемијата само ја направи нереалната ситуација невозможна “, рече тој.

Коронавирусот за прв пат беше откриен во Кина кон крајот на минатата година, а Пекинг одговори со преземање на мерки за кои многумина сметаа дека се драконски, мерките се состоеа од –изолирање на градовите, суспендирање на јавниот превоз и затворање на деловните активности со единствена цел да го запрат ширењето на епидемијата. Овие мерки доведоа до опаѓање на побарувачката за стоки и услуги во Кина, еден од најголемите потрошувачки пазри во светот.

Како резултат на тоа, извозот на стоки на САД во Кина падна за 10% во текот на годината во првиот квартал на 2020 година, истакна Кенеди, повикувајќи се на податоци од Секторот за трговија на САД. Официјалните американски податоци сè уште не се објавени, но „најверојатно ќе се појави огромна разлика во резултатот поради пропаѓањето на кинескиот туризам и раното затворање на универзитетите во САД“, додаде тој.

Неколку фактори стојат зад падот на извозот на стоки на САД во Кина во првиот квартал:

  • Извозот на енергија падна за 33,3%;
  • Продажбата на комерцијални авиони е нула и онаа на автомобилите е намалена за 46,9%
  • Извозот на соја се намали за 39,4%;
  • Коронавирусот предизвика многу американски погони за преработка на месо да го запрат производството.

Во фазата еден на трговскиот договор, Кина се согласи да купи дополнителни стоки во вредност од 200 милијарди американски долари во преиодот од 2017 година до 2021 година. Ова значи дека извозот на стоки и услуги на САД во Кина треба да се искачи на околу 290 милијарди американски долари во 2020 година и 330 милијарди американски долари во 2021 година, според договорот објавен од Американското Трговско представништво.

Односите меѓу САД и Кина се влошија во последните неколку недели, поради несогласувањата помеѓу Вашингтон и Пекинг се расправаа околу најразлични прашања, вклучувајќи го и прашањето во врска со потеклото на коронавирусот.

Тензиите кои повторно се појавија помеѓу двата економски моќници покренаа прашања во врска со статусот на трговскиот договор наречен “фаза 1”, што инвеститорите и аналитичарите го сметаа за своевидно примирје во трговската војна помеѓу САД и Кина, што започна пред две години.

Официјални претставници од двете држави разговараа минатата недела и се согласија да останат на истиот курс во однос на трговскиот договор, но американскиот претседател Доналд Трамп во петокот рече дека е „сериозно размислува“ за да го прекине договорот.

Кенеди истакна три опции што администрацијата на Трамп може да ги преземе за решавање на „лошите резултати на Кина“ во исполнувањето на трговскиот договор:

  1. Поминете низ процес на повеќестепено решавање, како што е наведено во договорот, што подразбира повторно преговарање на целите и причините за неуспехот, со примена на „правни“ мерки како што се дополнителни тарифи.
  2. Kазни за Кина и евентуално и целосно повлекување од договорот;
  3. Признајте дека пандемијата ја попречува можноста на Кина да купи повеќе американски производи и дека кинескиот увоз ќе се зголеми со рестартирањето на нејзината економија.

Секоја од тие опции има свои предности и недостатоци, напиша Кенеди. Првите две опции би можеле да предизвикаат протест и одмазда од Кина, додека третата е „најтрофејниот пристапот“ за Трамп, додаде тој.

 Извор:CNBC

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!