fbpx
Почетна ВЕСТИ Пад на продажбата на луксузни добра од 60%, во вториот квартал годинава

Пад на продажбата на луксузни добра од 60%, во вториот квартал годинава

Глобалната продажба на луксузни производи е насочена кон колапс во наредните неколку месеци, бидејќи пандемијата целосно ја спласна побарувачката, вели Беин (Bain & Company Luxury Study 2020) во новиот извештај објавен во четвртокот.

Според консултантската фирма, светската продажба на лични луксузни добра – кои вклучуваат облека, накит, часовници, производи за убавина и додатоци – ќе падне за околу 50% до 60% во периодот од три месеци кој завршува во јуни.

Милиони ширум светот ги загубија своите работни места и светот е во „најлошиот економски пад пo големата депресија“- според Меѓународниот монетарен фонд.

Предвидувањата се дека ќе има целогодишно намалување oд 20% до 35% на целиот пазарот за лични луксузни добра. Проценетата продажба за 2020 година се очекува да биде од 180 милијарди евра до 220 милијарди евра (околу 195 милијарди долари – 239 милијарди долари).

“Постоти план за закрепнување на пазарот на лукзусни добра но индустирјата ќе биде видно трансформирана”-рече Клаудија Д’Арпицио, партнер во Беин и главен автор на извештајот.

Извештајот е изработен во соработка со фондацијата Алтагама која е производител на италијански луксузни добра. Тие не ги земаа во предвид можноста за втор бран на заразени и веројатноста за содавање вакцина.

Компанијата за консултантски услуги Мекинзи исто така издаде извештај во април во кој се вели дека глобалниот приход на пазарот за лични луксузни добра се очекува да се смали од 35% до 39% во 2020 година, во споредба со претходната година. Анализта утврди дека ако продавниците останат затворени два месеци, околу 80% од модните компании и продавници во Европа и Северна Америка ќе бидат во неволја.

Проекции за пазарот во иднина

Пазарот за лични луксузни добра регистрираше продажба од 281 милијарди евра во 2019 година пред појавата на вирусот. Се очекува да се врати на тоа ниво помеѓу 2022 и 2023 година, во зависност од економските трендови, нивото на доверба на потрошувачите, протокот на туристи и можноста на брендовите да ги предвидат и да ги исполнат потребите на потрошувачите, се вели во извештајот.

Се предвидува кинеските потрошувачи да ја водат преродбата во луксузниот шопинг. Бидејќи поголемиот дел од регионите во Кина ги имаат укинато рестриктивните мерки и ширењето на вирусот се чини дека засега се е под контрола.

По неколкумесечните затворања во продавниците, социјалното дистанцирање и нарушените лични и професионални навики, кинеските клиенти веројатно ќе покажат желба да „се вратат на дел од навиките што ги имаат стекнато пред пандемијата“.

Поради глобалните рестриктивни мерки за патувања, кинеските потрошувачи, кои обично одат во странство на места како Париз, Лондон и Њујорк за да ги купат своите дизајнерски производи, веројатно ќе ги направат своите пазарења во сопствената земја, се вели во извештајот.

Најдобрите брендови веќе бележат пораст во бројот на продажби во Кина. Посетите на продавници се скоро преполовени од пред една година, но поголемиот дел од оние што ги посетуваат физичките продавници имаат тенденција да купат кога ќе ја посетат продавницата.

Се очекува пазарот за лични луксузни добра да достигне од 320 милијарди евра до 330 милијарди евра до 2025 година, делумно како резултат на растот на бројот на кинески потрошувачи на луксузни добра. За пет години од сега се очекува Кина да конзумира речиси половина од вкупно купените лукзуни добра на светско ниво, споредено со 35% во 2019 година.

Кина „ќе продолжи да води во растот на пазарот за луксузни добра“ и околу 50% од вкупната потрошувачка се очекува да се одвива низ континентална Кина, се вели во извештајот. Остатокот од Азија „ќе следи во чекор позади Кина“, со пазар чии состав ќе биде мешавина од локална потрошувачка и интра-регионален туризам, се вели во извештајот.


Извор:CNBC

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!