Колкави трошоци имаат фирмите за вработените и колкав удел имааат во вкуните приходи на компаниите – „Таргет Груп“ ги анализира ТОП 100 –те компании по трошоци за вработените.

Во вкупно остварените вкупни приходи кај ТОП 100 компании по трошоци за вработените, најголем удел имаат трошоците за плати и надоместоци кои изнесуваат 17,72%. Потоа, следуваат придонесите за задолжително социјално осигурување со 6,47%, додека останатите трошоци за вработените имаат удел од 2,72% и со удел од 1,54% се расходите за даноци од плата.

Анализата на вкупните трошоци за вработените што ги имаат компаниите кои се вбројуваат во Топ 100 покажува дека најголем удел имаат расходите по основ на плати, потоа се трошоците за придонеси за задолжително социјално осигурување а со најмал удел се останатите трошоци за вработените како и расходите за даноци на плата.

Вкупните приходи во Топ 100 фирми со најголеми трошоци за вработените се позиционирани на 7. 6 милијарди евра со прикажана добивка од 555 милиони евра и вкупно 89 420 вработени.

Овие компаниите од листата Топ 100 годишно имаат околу 785 милиони евра расходи за вработените. Од нив, само за плати и надоместоци на плата(нето) трошоците изнесуваат 474, 3 милиони евра , за придонесите за задолжително социјално осигурување компаниите трошат 177 ,5 милиони евра а за плаќање на даноци на плати се одвојуваат 41, 1 милиони евра.

Податоците на “Тагет Груп“ покажуваат дека кај компаниите од листата Топ 100 по трошоци за плата и надоместоци на плата, приходите по вработен изнесуваат 122.140 евра, расходите 8.166 евра а добивката по вработен на годишно ниво е 8. 676 евра.

Кои се компаниите со најголеми трошоци за вработените

Според висината на трошоците за вработените, во првите ТОП 20 компании се наоѓаат јавни и приватни фирми, во државна и во приватна сопственост, од различни сектори – градежништво, автомобилска индустрија, телекомуникации, рударство.

На прво место според висината на трошоците за вработените, но воедно и според висината на трошоците за плати и надоместоци на плата е државната ЕЛЕМ, односно АД за производство на електрична енергија Електрани на Република Северна Македонија, сега ЕСМ.

На второ место според вкупниот износ на трошоци за вработените е странската компанија Кромберг и Шуберт – Македонија ДООЕЛ Битола, друштво за производство, трговија и услуги. Оваа германска фирма која доаѓа од секторот на автомобилската индустрија е на трето место според висината на трошоците само по основ на плати и надоместоци од плати.

Високото трето место според критериумот „вкупни трошоци за вработените“ е резервирано за уште една странска фирма од автомобилскиот сектор. ДММ Дрекслмајер Мануфактуринг Македонија Дооел, увоз-извоз Кавадарци го држи третото место според висината на вкупните трошоци за вработените но рангирана е на второ место според трошоците само за плати и за надоместоци.

Фармацевтската хемиска козметичка индустрија Алкалоид АД Скопје е на четвртото место според висината на вкупните трошоци за вработените и според висината на трошоците за вработени само по основ на плати и надоместоци од плати.

Петтото место е резервирано за уште една државна компанија – Електрани на Македонија. Ова акцинерско друштво за диструбуција на електрична енергија исто така го држи петтото место и според висината на трошоците за вработените и по основ на трошоците за плати и надоместоци.

На шесто место според вкупните трошоци за вработените е Македонски Телеком – АД за електронски комуникации Скопје. Оваа национална телекомуникациска компанија се наоѓа на седмото место според трошоците за плати и надоместоци.

ТОП 20 според вкупни трошоци на вработени и трошоци за плати и надоместоци

Штипската Адиент Сеатинг според вкупниот износ на расходите за вработените се наоѓа на седмото место, но оваа компанија во странска сопственост котира на дванесетото место според трошоците за вработените по основ на плати и надоместоци на плата.

Во првите десет фирми според висината на трошоците има и такви што се од здравствениот сектор. Така, на осмо место е приватната здравствена установа со мешовита странско-домашна сопственост, Клинички центар Аџибаден Систина од Скопје. Оваа компанија е на шесто место според висината на трошоците за плати и надоместоци.

На деветто место според висината на вкупните расходи за вработените е акционерското друштво за промет со нафата и нафтени деривати Макпетрол – Скопје. Оваа приватна компанија од нафтениот бизнис го држи осмото место според висината на трошоците за плати и надместоци.

Десеттото место според висината на вкупните трошоци за вработените е резервирано за уште една државна фирма, акционерското друштво за поштенски сообраќај “ Пошта на Северна Македонија“. Оваа компанија во државна сопственост воедно се наоѓа на десеттото место според износот на трошоците само по основ на плати и надоместоци.

Во втората „десетторка“ според висината на вкупните расходи за вработените е Јавното претпријатие Национални шуми, градежната компанија Гранит, странската компанија Ван Хоол, државната М-Нав Скопје, телекомуникациската компанија А1 Македонија, скопската фирма Сеавус, странските компании Џонсон Мети,Гентерм и тетовската Леар Цорпоратион како и рудникот Саса од Македонска Каменица.

Во следниот текст “Таргет Груп“ ќе ги објави деталните податоци за трошоците за вработените кои ги имаат компаниите кои се водечки според овој критериум, бројот на вработени и кои трошоци доминираат во расходите за вработени.

Анализа на податоци: Таргет Груп

Графичка обработка: Виктор Ѓуровски

Подготвил: А.Д

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.


ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде