fbpx
Почетна ВЕСТИ Победниците во технолошката индустрија за време на пандемија

Победниците во технолошката индустрија за време на пандемија

Пандемијата е лоша вест за поголемиот дел од бизнисите. Но, додека некои технолошки компании се борат за да преживеат, други забележаа огромен раст.

Едноставно кажано некои компании беа на вистинско место во вистинско време.

Победници: Компании кои произведуваат софтвери за работа од дома

Поголемиот дел од светската популација е принудена да работи од дома што е добра вест за оние компании кои произведуваат софтвер за работа од дома

И покрај некои големи ПР катастрофи околу приватноста и безбедноста, цената на акциите на Zoom е повеќе од двојно зголемена од декември до сега.

Бројот на корисници порасна од 10 милиони на ден на 200 милиони корисници на ден.

Еднаш релативно непозната деловна апликација, денес се користи за секаков вид социјална комуникација.

Но не е единствена.

Во март, Microsoft Teams соопшти дека достигнале 44 милиони корисници, што претставува скок од 40% за една недела.

Софтверот за далечински пристап Teamviewer исто така истакна дека има „значително зголемена побарувачка“.

И главниот извршен директор на популарната апликација за деловна комуникација Slack објави дека апликацијата континуирано расте од ден за ден на крајот на март.

Победници: Гејминг индустријата

Онлајн игрите, исто така, бележат голем раст во бројот на корисници, при што новата „Call of Duty“ достигна десетици милиони играчи.

Аналитичарите проценуваат дека продажбата на игри се зголеми за околу 35% годинава.

А, продажбата на хардверот за играње игри е зголемен за 63%. Но,Денешниот тренд многу веројатно нема да трае. Новите игри и конзоли што треба да се произведат многу веројатно, ќе бидат одложени.

Главниот човек на Xbox вели дека индустријата ќе ја почувствува болката во 2021 година. И покрај добрите бројки на продажбата ,цените на акциите се во благ пад.

Победници: Стриминг софтвери

Поголемиот дел од парите што не ги трошиме за излегување ги пренасочивме кон друг вид на забава.

Netflix привлече нови 16 милиони претплатници.

И, бидејќи веќе ја има снимено целата своја содржина за годинава, тие тврдат дека имаат нова спремна содржина за следните месеци.

Disney+, во меѓувреме, беше идеално позициониран за ситуацијата која ја донесе коронавирусот, со старт во Велика Британија и голем број други пазари на крајот на март во време на екот на пандемијата.

Во моментот, на лансирање имаше повеќе од 33 милиони претплатници.

А сега, има скоро 55 милиони – што го прави најголемиот конкурент на Netflix.

Со затворaњето на кината, најголемите филмски изданија излегоа директно на дигиталните платформи.

Овој пристап се покажа како успешен, Universal соопшти дека сака да го продолжи овој пристап и по завршувањето на рестриктивните мерки, заедно со најголемите светски кино синџири.

Телевизиите и филмовите настрана, Spotify успеа да достигне дури 130 милиони претплатници за време на рестриктивните мерки.

Извор:BBC

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

 

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!