fbpx
Почетна АНАЛИЗИ Половината невработени се без образование или со основно

Половината невработени се без образование или со основно

Без образование или со основно образование се повеќето од половината од невработените лица на списокот на Агенцијата за вработување кои се пријавиле дека активно бараат работа. Или вкупно 54.989 невработени од вкупно регистрираните 101.748 лица на пазарот на труд во земајва се без основни стручни способности. Податоците на Агенцијата покажуваат дека покрај 101.748 лица кои заклучно со декември лани се регистрирани како невработени кои се активни на берзата на трудот, има уште 87.463 лица кои се регистрирани како други лица кои бараат работа, односно се невработени но понудата на работни места од страна на Заводот за вработување не им е приоритет, поради најразлични причини.

Бројките на Агенцијата се поразителни. Половината од тие без образование или 27.419 биле жени, а на списокот има уште 11.232 лица кои имаат непотполно средно образование. Со завршено средно образование се уште 24.604 лица, што практично значи дека вкупно 90.825 невработени од вкупно 101.748 се со максимум средно образование, или само 10.923 лица имаат повеќе од средно образование.

Статистиката пак на другата страна покажува дека дури 9.015 невработени лица се со завршен факултет, а 5.779 од нив се жени. Најпоразително на списокот на невработени е тоа што има 695 магистри на науки кои активно бараат работа, а од нив 432 се жени. Во земјава има и уште 25 невработени доктори на науки, од кои 9 се жени. Најмногу невработени доктори на науки има во Скопје 9, Тетово 4, Штип, Куманово и Битола по 2, и во Струга, Охрид, Кичево , Демир Хисар, Гевгелија и Велес има по еден невработен доктор на науки.

Податоците покажуваат и дека една третина или околу 30.000 лица кои се пријавиле во Агенцијата за вработување дека активно бараат работа се постари од 55 години. Или 16.087 лица од кои 7.318 жени се на возраст од 55 до 59 години, а други 13.717 лица се на возраст од над 60 и повеќе години. Статистиката на АВРМ покажува дека заклучно со декември лани дури 62.837 лица од вкупно пријавени 101.748 невработени кои активно бараат работа, се повозрасни од 40 години.

Дури една петтина од невработените или над 20.000 невработени повеќе од 5 години чекаат работа. Или од 5 до 7 години „чекаат“ вработување дури 14.053 лица на списокот на невработени. А над 8 години други 6.621 лица. Најголемиот број пак на невработени кои активно бараат работа 21.090 лица, чекаат работа од 6 до 11 месеци.

Податоците покажуваат и дека од вкупниот број на активни баратели на работа 101.748 лица, 64. 267 живеат во град, а 37.481 во село. Град рекордер по број на невработени лица е Скопје со 18.119 лица од кои најголем дел 13.362 се жени. Следува Тетово со рекордни 12.571 невработени лица од кои 5.346 се жени, па Куманово со 11.833 невработерни, од кои 7.016 се жени. Најмалку регистрирани невработени лица кои активно бараат работа има во Валандово 498, Кратово 548, Виница 563- покажуваат бројките на Агенцијата за вработување.

Новинарска обработка: А.Ф

Графичка обработка: Виктор Ѓуровски

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

 

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!