fbpx
Почетна АНАЛИЗИ Половина од големите текстилни компании во земјава – во странска сопственост!

Половина од големите текстилни компании во земјава – во странска сопственост!

Текстилната индустрија во земјава се покажа како добро “бизнис тло“ за странските играчи. Податоците што ги анализара „Таргет груп“ покажуваат дека Грција, Германија, Италија и Турција предничат според бројот на фирми во кој доминира странски капитал. Во земјава егизистираат 135 текстилни компании кои со годишен обрт поголем од 250 000 евра, а во сопствеништвото имаат барем еден сопственик од странска земја.

Од Холандија, преку Италија и Германија на запад, од Кина преку Русија и Бугарија, па дури и од Америка и од Каналските острови – ова е трасата на странскиот капитал кој веќе е пристигнат и пенетриран во македонскиот текстилен бизнис. Иако текстилната индустрија важи за “нископродуктивна“, за која бизнисмените велат дека не е исплатлива поради тоа што цената на трудот не парира со цената на производот, сепак податоците покажуваат дека овој сектор е атрактивен за странски капитал.

Од вкупно 248 комапнии кои остваруваат годишен обрт повисок од 250 000 евра, дури 135 компании имаат барем еден сопственик од странство. Четирите земји, Грција, Германија, Италија и Турција доминираат во најголем број на текстилни фирми кои во структурата имаат странски капитал.

Доколку сакате да дознаете кои 10те компании во текстилната индустрија кои исплаќаат највисоки плати кликнете овде.

Податоците покажуваат дека во текстилниот сектор во Македонија присутни се инвеститори-сопственици од вкупно 25 земји. Дел од нив доаѓаат од регионот, па така грчкиот капитал е навлезен во 38 текстилни компании со што предничи во однос на другите земји, бугарски сопственици има во пет, а српски во три фирми, сопственици од Словенија и Хрватска поседуваат по две компании во текстилниот сектор.

Од Далечниот исток, Кина е присутна со капитал во две компании, а во исто толку се и Русија па дури и Австралија. Интересен е податокот дека во по една текстилна компанија има и ирански, канадски, литвански, сиријски и црногорски сопственик.

Американски бизнисмени и бизнисмени од Каналските острови се присутни во по две текстилни компании. Австрија, Белгија, Франција и Швајцарија поседуваат сопствеништво во по три текстилни компании, Холандија во осум, Британија и Бугарија во по пет фирми. Од европските држави присутни се и чешки сосптвенци во две текстилни фирми.

Топ 10 компании со најголем број на вработени и инвестиции

Во првата „десеторка“ на компании со најголем број на вработени спаѓаат текстилни компании со различна дејност и од различни градови кои апсолвираат вкупно 2.922 вработени.

Во компанијата “Адиент Сеатинг“ ДООЕЛ Штип работат 2 153 луѓе што претставува 73,6% од вкупниот број на вработени во првите десет компании. Интересно е дека оваа коппанија во последните три години (2018, 2017, 2016) го зголемила бројот на вработени за 23%, а платите во рамките на оваа фирма се зголемиле за 17 %.

Втора на листата според бројот на вработени е струмичката “Адиент Аутомотиве“ ДООЕЛ со 1 383 вработени, чиј број во период од три години е повеќе од дуплиран со зголемени плати за 68%.

Доколку сакате да дознаете колкава е просечната плата во текстилната индустрија и колкав е бројот на вработени кликнете овде.

На трето место се наоѓа прилепската “Комфи – Ангел“ со просечен број на 876 вработени и тенденција на пораст и на просечната плата во изминатиот тригодишен период за скоро 40%.

На петто место е штипска “Баргала АД“ со просечен број на вработени 755 и пораст на платите од 2016 до крајот на 2018 година за скоро 8% а на петто место е конфекцијата “Мода“ од Свети Николе со 589 вработени чиј број во однос на 2016 та се намалил за 6 % а платите се зголемиле за 18%.

Во втората “петорка“ текстилни компании со најголем број на вработени се гевгелиската “Ноел“ со благ пораст на брјот на вработени а позначен раст на просечната плата, потоа е скопски “Окитекс“ со просечен број на 483 вработени, без позначајни поместувања, следува скопската фирма “Алена“ со 483 вработени со тренд на зголемување на просечната плата, на деветто место е кумановската фирма “Босут“ со просечен број на 400 вработени, односно 50 повеќе во однос на 2016 година и зголемена плата за 2 030 денари и на десетто место е штипски “Албаторс“ со 388 вработени и зголемена просечна плата за околу 2 700 денари во период од три години.

Податоците на “Тагрет груп“ покажуваат дека компаниите кои апсолвираат најголем број на вработени прикажуваат и највисоки трошоци за вработените.

„Аналитика.мк“ веќе објави податоци за структурата на вкупните трошоци во текстилниот бизнис и според бројките – доминација во расходите на текстилните компании имаат трошоците за вработените.

Стaвката „трошоци за вработени“ во вкупните расходи има удел од цели 40,1 %. Во 2018 година пресметките покажуваат дека вкупните расходи на текстилните фирми изнесуваат 383,8 милиони евра.

Во структурата на вкупните трошоци на ниво на текстилниот бизнис ,со таргет на компании кои оставруваат годишен приход поголем од 250 000 евра, расходите за инвестиции во материјални средства учествуваат со само 3,2 или се во износ од 12,4 милиони евра.

На прво место според овој параметар е “Баргала” Штип со 6,8 милиони евра, зад неа е скопска “Текспорт” со 1,9 милиони евра, на трето место е “Алекс – 3” Кочани со 1,2 милиони евра, четврта по ред е прилепската “Арини Фешн Василопулос Георгиос” со 878.213 евра, додека пак на петто место е “Комфи – Ангел” Прилеп со 641.187 евра.

Во втората петорка со инвестиции во материјални средства кои се движат под 550.000 евра спаѓаат: “Адиент Сеатинг” Штип, “Тетексјарн Лимитед” Тетово, прилепската “Иннацо Мак”, “Еам” Штип и скопската “Кате Љупчо”.

Останатиот дел од расходите отпаѓаат на: останати расходи од работењето, финансиски расходи, набавна вредност на продадените материјали, вредносно усогласување на тековни средства, вредносно усогласување на нетековни средства и резервирања за ризици и трошоци.

Анализа на податоци: Таргет Груп

Новинарска обработка: А.Д

Графичка обработка: В.Ѓ

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!