fbpx
Почетна АНАЛИЗИ Повеќе од половина од автомобилите во земјава се постари од 15 години

Повеќе од половина од автомобилите во земјава се постари од 15 години

Во јануари годинава се увезени вкупно 1.813 возила во земјава од кои само 1.224 биле половни автомобили – покажувата податоците на Царинската Управа. Бројките покажуваат дека данокот на моторните возила со кој возилата се даночат и по емисијата на CO2 кој го испуштаат во воздухот, кој стапи на сила од јануари годинава, драстично, го намали увозот на полови возила во земјава. Така само во декември, пред стапување на сила на новата регулатива, автоплацевите во земјава увезле 6.476 автомобили од кои дури 5.256 биле половни патнички автомобили. А само лани бројот на увезени половни автомобили се искачил на 38.580, од вкупно увезени 48.969 моторни возила во земјава.

Податоците на Цааринската управа покажуваат дека за десет години, од кога беа воведени поволностите од претходната Влада за слободен увоз на странски половни возила во земјава драстично расте бројот на увезените половни автомобили на сметка на увозот на новите возила. Или заклучно со декември лани биле увезени вкупно 314.257 половни автомобили од странство. Статистиката пак покажува дека добар дел од овие автомобили се дизел и со ЕУРО 3 или 4 стандард, односно испуштаат многу повеќе издувни штетни гасови за животната средина.

Статистиката покажува дека по годините бројките варираат исе движи од околу 23.000 до 35.000 увезени половни возила годишно. Најголемиот бум на пазарот се случил токму во 2010-та година кога биле увезени дури 51.399 половни возила.

Статистиката покажува дека во 2009 година заедно со товарните биле увезени вкупно 16.151 возила, од кои само 2.944 биле половни, а дури 10.574 биле нови. Од таа година па наваму, увозот на нови автомобили паднал за повеќе од половина, на сметка на половните автомобили. Односно за речиси пет пати бил поголем увозот на половни наспрема нови автомобили.

Дури 270.000 автомобили се постари од 15 години

Податоците пак на Државниот завод за статистика покажуваат дека повеќе од половината од возниот парк во земјава е постар од 15 години. Така од регистрирани 415.051 патнички автомобили во 2018 година дури 270.075 се со година на производство пред 2004 година. Додека пак во 2018 година се регистрирани само 4.138 нови автомобили. Од вкупно регистрираните 415.062 автомобили половината или дури 208.805 возат на дизел. Податоците покажуваат дека 194.384 биле на бензин, а 11.706 возеле и на бензин и на гас.

Новинар: Ф.А

Графичка обработка: Виктор Ѓуровски

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

 

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!