fbpx
Почетна АНАЛИЗИ Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од странци а најдоминантен странски капитал е грчкиот. Пропорционално, компаниите кои вработуваат најголем број на вработени, високо котираат на листата Топ 10 фирми со најголеми вкупни трошоци за вработените. Првите две места ги држат странски компании. Забележително е дека најголем број од фирмите кои имаат највисоки трошоци за вработените доаѓаат од автомобилската индустрија.

Трошоци за вработени

Компаниите кои се водечки според бројот на вработени, високо се рангирани и според вкупните трошоци за вработените.

На прво место со вкупен трошок за вработените во износ од 44,2 милиони евра е битолски КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ – Македонија, компанија која веќе го држи првото место и според бројот на вработени.

На второ место е кавадарчки ДММ ДРЕКСЛМАЈЕР МАНУФАКТУРИНГ – Македонија, компанија која прикажала трошоци за вработените во износ од 38,8 милиони евра.

Фармацевтската компанија „Алкалоид“ која се занимава со производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати го држи високото трето место со годишен трошок за вработени во 2018 та години на ниво од 22,2 милиони евра.

На четврто место со годишен трошок за вработените од скоро 18 милиони евра е штипски „АДИЕНТ СЕАТИНГ“ од текстилната индустрија.

На петто место со трошок за вработените во износ од 11,7 милиони евра е странската компанија „ВАН ХООЛ“ – Македонија од скопски Илинден која доаѓа од автомобилската индустрија и се занимава со производство на моторни возила, приколки и полуприколки. Оваа компанија е десетта на листата фирми рангирани според бројот на вработени.

Останатите компании од Топ 10 според „трошок за вработени“ на годишно ниво по овој основ имаат трошоци пониски од 10 -на милиони евра и тука спаѓаат: ЏОНСОН МЕТИ ДООЕЛ од Скопје, ГЕНТЕРМ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ увоз-извоз од Прилеп, ЛЕАР ЦОРПОРАТИОН МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ од Тетово, ЏОЈСОН СЕЈФТИ СИСТЕМС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ од Кичево и АД МАКСТИЛ од Скопје. Забележително е дека дури седум компании од листата на фирми кои се водечки според висината на трошоците за вработени доаѓаат од автомобилската индустрија.

Листа на фирми со најмногу инвестиции во материјални средства …

Компаниите од прехранбената, автомобилската, фарамацевтската индустрија – „шарена“ е листата на фирми кои котираат високо според износот на инвестиции во материјални средства.

Според податоците на „Тагет Груп“ ова „петторка“на компании одвоиле најмногу инвестции:

На прво место е фирмата за производство на моторни возила, приколки и полуприколки “КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ“од Охрид со 15,7 милиони евра.

Прехранбена индустрија „ВИТАМИНКА“- АД од Прилеп во 2019 та година во материјални средства инвестирала 9,3 милиони евра. На трето место е штипската фирма „КОНДЕВО МК“ – ДОО за производство на машини и уреди, неспомнати на друго место со инвестиција во материјални средства во износ од 8,7 милиони евра. Битолски „КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ“ – Македонија во материјални средства инвестирал 7,1 милион евра, компанија која високо котира според според бројот на вработени и висина на трошоци на вработените. Штипската фирма за производство на чевли „БАРГАЛА АД“ со инвестиции во материјални средства во износ од 6,9 милиони евра е на петтото место според износот на инвестции во материјални средства.

Останатите пет фирми кои се рангирани на листата Топ 10 според износот инвестиции во матаријални средства се: друштво за производство, трговија и услуги „ВИК МАКЕДОНИЈА“ ДООЕЛ с.Алинци од Прилеп, прилепски „ГЕНТЕРМ“- Македонија Дооел увоз-извоз, друштвото за трговија и производство „СЕКЕ“ ДООЕЛ – Прилеп, друштвото за производство, трговија и услуги „РЕНОВА“ ДОО експорт-импорт од тетовско с.Џепчиште и странската компанија „ВАН ХООЛ“ Македонија Дооел од Илинден.

Грчкиот, турскиот и германскиот капитал со доминација …

Според податоците на „Таргет Груп“, од вкупниот број компании во преработувачката индустрија, 417 се во странска сопственост, односно имаат најмалку еден странски сопственик во структурата. Доминатен е Грчкиот, Турскиот и Германскиот капитал.

Странски сопственици од други држави се присутни во помалу од дваесет земји, а на листата се и странци од далечната Кина кои се присутни во 4 фирми, од Канда во 3, од Русија доаѓа капитал во исто така 3 компании а од Сирија, Данска, Малта, Чешка и Шведска има сопственци во по 2 компании.

Анализа на податоци: „Таргет Груп“

Графичка обработка: Виктор Ѓуровски

Новинарска обработка: А.Д

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!