Со седиште во Сиетл, Вашингтон, онлајн продавачот Амазон, производителот на електронски книги и веб услуги постана поим за пример во електронската трговија. Како претпријатие, продава книги, музика, производи за домаќинство, играчки и останата стока, директно или преку помали претпријатија посредници, пишуваат за CNN Линдиа ДеПилис и Ајвори Шермен.

1994-1999

Амазон настанува во 1994 година кога Џеф Безос и неговата сопруга Мекензи отвораат онлајн книжара во Сиетл. Безос инвестира во компанијата 10.000 долари од сопствениот џеб и почнува да работи буквално од неговата гаража. Три години подоцна на 15 мај 1997 Амазон станува акционерско друштво со 18 долари вредност по акција, или вкупна вредност од 300 милиони долари. Сепак во тој период компанијата ги предупредува инвеститорите за можни оперативни загуби во догледна иднина заради обиди да се победи конкуренцијата од гигантот Barnes&Noble. Крајна цена на нивниот прв ден на тргување после прилагодување на акциите, била 1,96 долари.

Вториот центар за пласман на производите на Амазон е отворен во Њу Касл, Делавер, наменет за клиентите од Источниот брег. Ова се случува истата година на 18 Ноември, кога цената на акциите изнесува 4,42 долари. На 11 јуни 1998 година дејноста се проширува и во музиката. Се продаваат ЦД-а и ДВД-а. Лансирани се 125 илјади наслови, а купувачите имаат можност да ги слушаат песните и да прегледуваат препораки. На овој датум и акциите скокнале на 10,42 долари за акција.

Нареданта година Амазон го патентира системот на купување со еден клик. Цената на акциите скока на 65,88 долари на 28 септември, додека само два дена подоцна, изнесува 79.94 долари. Тој ден во 1999 година Амазон го пушта пазарот на продажба за трети лица со т.н. zShops. Компанијата не е имуна ниту на .COMбумот кога мора да отпушти 15% од вработените за да се опорави. Во декември истата година Џеф Безос е избран за Тајмс лице на годината на годишна возраст од 35 годишна возраст.

2000-2012

Во новиот милениум Амазон и понатаму го шири бизнисот: продава облека (откако најавува партнерства со неколку големи компании за облека), а денес производите кои може да се најдат на Amazon.com се најразлични, од електроника, преку играчки, па се до хостирање на други страни за е-трговија. Во 2004 година гигантот влегува на кинескиот пазар, а три години подоцна ја лансира Киндл електронската направа за читање книги и тоа со почетна цена од 399 долари. Во март 2008 Audible стана подружница на Амазон за 300 милиони долари. Денес Audible држи 41% од пазарот на аудио книгите. Audible не е единствената „жртва“ на гигантот. Следната година ја купува компанијата за чевли Запос, a веќе три години подоцна откако ја купува компанијата за роботи Kiva Sistems, цената на акциите се дуплира од 89 долари на 185,5 долари за акција.

2013-2019

Но, Џеф Безос не застанува овде. Тој истакнува дека има намера да го купи Вашингтон Пост за 250 милиони со цел да го извади од финансиските проблемии да го подобри како продукт. Но, Доналд Трамп вели дека тој сака да купи влијание во Вашингтон. Безос сепак, го купува Вашингтон Пост во 2013 година, при што интернет сообраќајот се дуплирал, и весникот станал профитабилен во наредните 3 години. Амазон лансира свој смартфорн на 18 јуни 2014 година, а следната година за прв пат отвара своја физичка книжарница во матичниот Сиетл. Сега компанијата има 15 книжарници низ градови во САД, но од друга страна, смартфонот и не е успех со кој може да се пофали компанијата. Истиот не поддржувал многу апликации, имало многу незадоволни клиенти уште од самиот почеток. Во 2017 година веќе бара локација за второ седиште, а во септември минатата година компанијата достигнува вредност од 1 билион долари, при што станува втора компанија по Епл да ја достигне таа бројка. Годинава, на 25 јули Амазон славеше 25 години од основањето.

Почетоците на овој гигант говорат дека нештата најчесто започнуваат со мали чекори. Иако во првите денови самиот Безос пакувал книги и ги носел во локалната пошта, веројатно е дека во клучно време преземал големи чекори за да постане она што е денес. Додека други слични компании во меѓувреме затвораат стотици продавници, Амазон влегува во секоја пора на трговијата или поточно е-трговијата. Иако може понекогаш да игра улога факторот среќа, инвентивноста при инвестирањето во бизнисот и тоа во вистинско време и на вистинско место е веројатно клучен фактор за успех како горенаведениот.

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.


ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде