Вредноста на вкупните приходи, минатата година, достигнала 335,9 милиони денари. Според финансиските параметри,нивната актива изнесува над една милијарда денари, а главнината 551,8 милиони денари.

Приватните средни училишта оствариле вкупни приходи во вредност од 335,9 милиони денари, минатата година. Според финансиските параметри,нивната актива изнесува над една милијарда денари, а главнината 551,8 милиони денари.Вложувањето во овој бизнис изминатите години се покажува атрактивно, бидејќи има околу 20 приватни средни училишта, во најголем дел со странски бренд и програми на странски јазик, доминантно на англиски јазик.Токму, атрактивноста на овие средни приватни установи, е токму во програмите и странските јазици, во кои се гледа поголема перспектива за стекнување диплома и образование, како и шанса да се продолжи школувањето надвор од државата.

Вкупните приходи на училиштата бележат големи разлики во вредноста. Најголема вредност на приходите од тековното работење достигнало Приватното средно училиште „Јахја Кемал“ Скопје со остварените 210.641.457 денари.Голема е разликата во вредноста на остварените приходи на останатите училишта. Приватното средно училиште „Маариф интернационал скулс“ с.Долно Седларце,општина Брвеница со 42.457.167 денари.

Приватното средно училиште „QSI интернационално училиште“ Скопје достигнало вкупни приходи во вредност од 35.728.048 денари.Помали се приходите од работењето на Приватното средно училиште „Алгоритам Центар“ Скопје со 19.445.450 денари.

Минатата година, од тековното работење, „Американско училиште Македонија“ остварило вкупни приходи од 16.864.928 денари.Податоците од „Таргет груп“ покажуваат дека Средношколската Академија за Бизнис и Администрација „САБА“ Скопје од 5.090.580 денари.

Според податоците,Приватното средно сообраќајно училиште „АРДИ“ Скопје, од тековното работење генерирало приходи во вредност од 1.704.500 денари, додека „Американска гимназија Скопје“, 1. 557.837 денари. Приватно средно училиште за гимназиско образование „Прва приватна гимназија“ Битола остварило приходи од 838.200 денари.Минатата година, тековното работење донело приходи во вредност од 744.000 на Приватното средно училиште „Св.Лука“ Скопје. Помеѓу приватните средни училишта е Приватно средно училиште „Академија Леонтиќ“ Скопје со приходи од 705. 191 денари.

Доколку сакате да дознаете повеќе за приходите и бројот на вработени во приватните образвони институции во Р.Македонија притиснете овде.

Наспроти остварените вредности на вкупни приходи, средните приватни училишта направиле расходи во висина од 305,9 милиони денари.

Извор „Таргет Груп“ и „БизнисМрежа.мк“

Во изминатите години, бизнисот со средното образование се шири, а се отворија многу средни училишта, дел од нив и специјализирани. Иако, во овие бројки не се вклучени сите училишта кои работат, сепак може да се даде слика за овој приватен бизнис.Од податоците се гледаат имиња на многу странски или интернационални брендови, што покажува дека и за странски вложувања овој бизнис е атрактивен.Меѓу нив и Приватното средно училиште Американско интернационално училиште на Македонија“, „Интернационално средно училиште“, „Англо Американско училиште“ и др.

Новинар, Марија Георгиевска

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.


ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде