fbpx
Почетна АНАЛИЗИ Производство на органска храна- тренд кој носи профит

Производство на органска храна- тренд кој носи профит

Во период кој за земјоделците е наменет за сеидба, на одредена бројка луѓе кои веќе се занимаваат со земјоделство или планираат да почнаат да се занимаваат една од дилемите им е дали да започнат со органско производство на храна. Огранското производство на храна ја надминува бројката која се однесува само на расителни земјоделски производи и се проширува на месо, јајца, млеко добиени од животни кои јаделе органска храна и растени во незагадена органска средина.

 Главната порака на стотината органски произведувачи на органска храна од кои најголем дел од нашата земја од последниот  Саем за органска  храна “Органска трпеза” кој што се оддржа пред три недели во Куманово беше дека органското производство има иднина, но потребен е сигурен пласман и повисоки цени. Сепак, фактите говорат дека овој бизнис има огромен потенцијал, но поради непредвидливиот карактер на овој вид земјоделство како и на останатите, како и поради недоволната информираносt, овој бизнис во Македонија сеуште го нема дадено максимумот мерен во број на земјоделци кои се занимаваат органско производство на храна и вкупна добивка од истото.

Направедната анализа укажува на следните причини или позитивни страни од занимавање со бизнисот со производство на органска храна:

1. Светски тренд на потрошувачка на органска храна – Според она што е објавено на Веб страната на ОТА (Огранска трговска асоцијација)  во мај 2019 американскиот пазар на огранска храна достигнал продажби од дури 48 билиони во 2018 година и раст од 6% во споредба со претходната. Трендот на зголемена потрошувачка и интерес за органската храна е сличен и во европските земји. Постојат повеќе причини за тоа: се поголемата свесност за придобивките од огранска храна како резултат на активизмот за промоција на ваквата храна поддржано од медиумите, корелацијата на органската храна со човековото здравје и долговечноста поддржано од многу доктори и експерти од медицината, големата достапност на огранска храна во големите и малите маркети, онлајн и.т.н.

2. Повисока цена од останатите земјоделски производи. Повисоките цени од останатите земјоделски производи се уште еден поттик за почнување на производство на органска храна. Ако се споредат цените на земјоделски производи од продавниците за органска храна и останатите земјоделски производи некогаш се е и неколкукратно повисоки, но сепак варираат во зависност од сезоната, приносот таа година и побарувачката. Повисоката цена не треба да е обесхрабрување туку поттик за производство на вакви производи кои носат повисок приход по продаден производ на помала таргеирана група на потрошувачи која е спремна да ја плати таа сума во замена на користа добиена од органската храна.

3. Повисоки субвенции од државата од останатите земјоделски производи. Според Соопштението на Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски од 2 октомври оваа година исплатени се близу 83 милиони денари. Субвенциите за органско производство во однос на конвенционалното можат да бидат од 50 до 100% повисоки. Сепак, праксата говори дека сеуште многу повеќе се користат субвенциите за конвенционални производи, што зборува за потенцијалот на користење на субвенциите за органско производство.

4. Поволни агро услови. Македонија е земјоделска земја, па тоа не го исклучува ни органското производство на храна. Тетовски грав, ресенско јаболко, кочански ориз, зошто да не и органски?  Според Националниот план за органско производство 2013-2020 година постоењето на агро-еколошки услови – постоење незагадени области за растително производство, искуство на земјоделците во одгледување на земјоделски култури на традиционален начин, постоење на сорти со квалитет и висок потенцијал за принос се само дел од можностите кои ги имаат земјоделците кои планираат да се занимаваат со органско ратително производство.

Користењето на горенаведените поволности ќе е во корист и на оние кои ќе/се занимаваат со овој бизнис, но и во корист на македонските потрошувачи кои ќе имаат поголем и поквалитетен избор на органска храна на домашната трпеза.

Подготвила, Марта Куковска.

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!