Најголеми приходи минатата година оствариле „Динерс клуб интернационал МАК“, „ИУТЕ Кредит Македонија“ и „Кредисимо“.Финансиските друштва рушат рекорди, a најголем пораст бележи „ТИГО“. Незначителен пад на приходите имаат „Финансиски кредитен центар БС“, „Ал Коса“, „Младинец“ и „Еуро МК“.

Финансиските друштва оствариле пораст на приходите од работењето минатата година од 88 проценти. Со остварените приходи од 13,7 милиони евра, 23 финансиски друштва во Македонија, работеле ефикасно и оствариле повеќе приходи, во споредба со 2017 година, кога изнесувале 7,3 милиони евра.

Брзите, онлајн кредити, кои ги одобруваат финансиските друштва се вистинско олеснување за граѓаните и фирмите, да ги задоволат финансиските потреби. Финансиските аналитичари забележуваат дека расте со забрзано темпо задолженоста на граѓаните, бидејќи тие доминираат во кредитното портфолио на финансиските друштва. Финансиските друштва излегоа со најнови пресметки дека одобруваат најмногу кредити, кои се движат од 200 до 400 евра, а минатата година опфатиле седум проценти од кредитоспособното населени, кое банките не го опслужуваат, сметајќи го за високоризично. Друштвата бележат голем пораст на вредноста на одобрени кредити последните години, што го потврдува големиот раст на овој сектор. Во 2016 година одобриле кредити од 4,6 милиони евра, во 2017 година вредноста пораснала на 17,5 милиони евра. Според нивните проценки, во 2018 очекуваат двојно зголемување во однос на 2017 година.

Доколку сакате да дознаете дали брзиот раст на финансиските друштва е ризичен за финансискито систем кликнете овде.

Според податоците од „Таргет Груп“ , тројката на друштва со најголеми приходи ја сочинуваат: „Динерс клуб интернационал МАК“, „ИУТЕ Кредит Македонија“ и „Кредисимо“.Рекорден пораст на годишно ниво бележи „ТИГО“, а незначително намалени приходи имаат „Финансиски кредитен центар БС“, „Ал Коса“, „Младинец“ и „Еуро МК“. Најголем дел од друштвата се од Скопје, а низ градовите има основано друштва во Прилеп, Штип, Струмица, Битола и Охрид.

Најголем приход минатата година остварило финансиското друштво „Динерс клуб интернационал МАК“ во вредност од 3.2 милиони евра. На годишно ниво бележи пораст на приходите за 14 проценти.

„ ИУТЕ Кредит Македонија“ бележи пораст на приходите од 239 проценти, со остварени 2,1 милион евра, со што се доближува до прворангираното „Динерс клуб интернационал МАК“. Тоа го потврдува и големата експанзија на проширувања на својата мрежа на експозитури. „Кредисимо“, како трето друштво, според вредноста на приходите, бележи пораст од 77 проценти и остварени приходи од 1,3 милиони евра.

Извор: „Таргет Груп“ ДОО

Од останатите финансиски друштва, според вредноста на остварени приходи, може да се оцени дека добро работело и „ФД СН Финансии“Битола,со 71,8 милиони денари. Потоа, „МКеш Македонија“, чии приходи се 54,7 милиони денари. Во групата на финансиски друштва, кои оствариле приходи околу 50 милиони денари, на годишно ниво, се наоѓа и „Диџитал фајнанс интернешнл“ со 52,1 милион денари. „Тиго фајнанс“ има остварено приходи од 51,7 милиони денари. Во групата на финансиски друштва со приходи од околу 50 милиони денари се вбројува и „ФД ДП“ Битола, со остварени 50,7 милиони денари. Останатите друштва имаат приходи во рамките од 40 милиони до околу 300 илјади денари. Од друштвата со помали приходи, може да се забележи дека годинава поголема експанзија покажува охридското „Монимакс Финансиско“, кое во 2018 година остварило приходи од 11,8 милиони денари.

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.


1 коментар

  1. уште да можеше да се најдат податоци за “црните” банки (лихва) за да ја имаме реалната слика

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде