fbpx
Почетна АНАЛИЗИ Релевантноста на неформалното образование врз пазарот на трудот

Релевантноста на неформалното образование врз пазарот на трудот

Секојдневно се среќаваме со луѓе во нашата околина кои работат нешто што е различно од она што го пишува на дипломата од формалното образование. Среќаваме и луѓе кои едноставно сметаат дека донеле погрешна одлука при изборот на својата професија и после неуспехот да најдат работа во државата, заминуваат во странство каде што понудата на слободни работни места е поголема.

Периодов исто така е актуелно да се зборува за преквалификација, обуки, неформално образование. Од една страна се бизнисмените кои бараат квалитет и зголемена продуктивност на вработените, од друга страна се вработените во чиј интерес е да се занимаваат со професии кои се добро платени и барани на пазарот на труд, од трета страна е државата во чија корист е да престане одливот на кадри во странство, за што говори и последниот Извештај на Светската банка за одселените пола милион граѓани на Македонија. Во прилог на кажаното говорат и активностите кои ги презема Стопанската комора. Пред неколку дена го презентира четвртиот повик за апликации на фондот за можности 2019, при што целта е да се поддржат понудувачите на обуки во насока на пазарно ориентирани и оддржливи понуди и кои водат кон задолжително вработување на учесниците на обуката. Притоа се опфатени неколку струки: угостителство, здравствена и социјална заштита, лични услуги, земјоделие, прехранбена технологија, машинство и ИТ Сектор.

Доколку сакате да дознаете повеќе за понудата и побарувачката на пазарот на трудот во Македонија притиснете овде.

Но, каква е реалната состојба на центри за неформално образование надвор од формалните образовни институции и надлежните државни институции, колку се користи и кој се има бенефит од истото?

Последните неколку години неформалното образование доживува подем. Бидејќи има широка лепеза од области многу е тешко да се дојде до вкупната бројка на центри кои организираат обуки и академии со кои оние кои ги посетуваат веднаш по завршувањето ќе бидат спремни да почнат со работа во новата струка. Постојат многу алтернативи во зависност од вашите склоности и амбиции, од академии за шминкање, за моден дизајн, сметководство, графички дизајн до академии за односи со јавност, дигитален маркетинг, програмирање.

Анализирајќи ги неколкуте познати центри за неформално образование во главниот град, можеме да донесеме неколку заклучоци кои си корисни за сите што се движат во тој правец.Се работи за познати центри со реномирани предавачи кои наплаќаат различно во зависност од видот на курсот/академијата и во зависност од времетраење на истата. Заедничко им е и што нудат стипендии со кои се добиваат попусти во вкупната цена. Она што е најинтересно за овие центри за неформално образование е тоа што имаат деловна соработка со многу компании во Македонија кои по завршување на обуката нудат вработување на дел од произлезените кадри кои ги исполнуваат критериумите за вработување на компанијата. Од овие податоци може да заклучиме дека користа од неформалното образование е повеќестрана. Незадоволните поединци од своите професии добиваат можност за промена и успех без разлика на возраста. Бизнис секторот добива преквалификуван кадар кој има волја и амбиција да се докажува во новата професија. Центрите за неформално образование со зголемување на бројот на учесници добиваат можност уште повеќе да инвестираат во нови обуки, поголем квалитет на програмите, реномирани професори од земјата и странство. Конечно за државата секој поединец кој се пронашол во својата професија е лице кое нема лесно да замине во странство и ќе допринесува како граѓанин, потрошувач, плаќач на данок.

Дипломата од формалното образование не е за потценување, но не е и конечна за нашето занимање до крајот на животот. Според последниот Извештај на Државниот завод за статистика објавен во мај 2017 година за 2016 година за лица од 25 до 64 години 150 000 посетувале образование и доживотно учење, од кои 82% или околу 123 000 посетувале неформално образование. Бенефити од неформалното образование има многу, времето ќе покаже дали нашите сограѓани доволно ги искористиле и дали горенаведената бројка се зголемува.

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!