fbpx
Почетна АНАЛИЗИ Саеми во Македонија – меѓу реалното и возможното

Саеми во Македонија – меѓу реалното и возможното

Посетата на саеми е една од активности на компаниите која редовно се наоѓа во агендите на менаџментот, па и на вработените во одделни сектори. Посетата на саеми е маркетинг алатка која нуди безброј бенефити за повеќе страни. Саемите нудат директна комуникација меѓу понудата и побарувачката, овозможуваат контакт со точно таргетирана публика од позната индустрија, анализа на конкуренцијата која води кон конструктивност и подобрување на сопствентата понуда, овозможуваат добра промоција комбинирана и со другите маркетинг алатки како брошури, флаери и.т.н.

Македонските компании многу често се во дилема дали да учестуваат на саеми поради финансиска гледна точка, што во голема мера е условено и од оддалеченоста на познатите саемски манифестации насекаде во светот. Она што на прв поглед е очигледно правејќи ја анализата е многу малата саемска активност во нашата држава. За реалната говорат повеќе факти На ситe официјални организации за саеми и настани во светот саемот во Македонија не се наоѓа на светската саемска мапа. Овој факт и не е изненадување бидејќи и од сајтот на Скопски саем како најголем организатор на саеми во Македонија може да се забележи многу мала активност која се сведува на оддржување на неколку саеми годишно како саемите на книга, на градежништво на мебел, Технома и.т.н. Во најнови вести е саемот на книга од мај 2019, а во календарот со идни настани нема запишано ниту еден саем тековниот месец. Сосема друга е приказната ако се анализира саемската активност во соседството. Агендата на саемот во Солун покажаува преку десеттина саеми планирани до крајот на годината во различни категории. Во Софија ќе се оддржат триесеттина саемски манифестации до крајот на годината, до дури осумнесет во месец ноември. Ситуацијата е слична и со саемот во Белград со дваесеттина саемски манифестации до крајот на годината.

Кој и колку губи од ваквата состојба на неискористување на оваа важна маркетинг алатка?

Први губитници се компаниите и бизнисмените од државата. Оддржувањето саемски манифестации од различни индустрии ќе им овозможи на локалните компании директна комуникација со потенцијалните странски клиенти, добавувачи и купувачи по многу пониски трошоци од посетата на саем во било која странска држава. Но, губат и странските компании на кои им се оневозможува директно запознавање со повеќе компании на исто место и во исто време, воочување на предностите за инвестирање и соработка со тие компании. Можеби најголема изгубена добивка има домашната економија и приватните сопственици на хотели, ресторани и траснспортни претпријатија, пред се ако се земе во предвид дека посетители на саеми најчесто се менаџери, директори на компании кои би потрошиле повеќе пари од останатите туристи дојдени да ја посетат државата. Ако во просек посетител на саем остане 2 ноќи проекцијата за трошок би била следна: хотелско сместување во хотел со 4 ѕвезди околу 150 евра во просек, дневно за јадење и деловни ручеци около 100 евра и за транспорт во тие денови околу 50 евра, што е вкупно околу 400 евра за еден човек. Оваа бројка помножена со број на странски посители за еден саем, а потоа и помножено со неколку саеми месечно во зависност од кој период од годината ќе даде бројка која не е занемарувачка за домашната економија и приватните стопанственици кои имаат најмногу ќар од посетата на саеми.

Во рамки на досега изнесеното логично е да се споменат и виртуелните саеми кои ги нудат истите бенефити како и реалните саеми, со исклучок на најважната интеракција во живо меѓу двете страни. За овој вид на саеми во некоја од наредните анализи.

Заклучокот е дека саемот како маркетинг алатка и извор на приход на многу страни не е доволно искористен во Македонија сите изминати години и тој тренд трае и денеска. Фактот за изгубените добивки и од друга страна успешните саемски приказни во соседството и светот треба да бидат мотив работите да почнат да се движат во нагорна линија на задоволство на сите засегнати страни и реалната ситуација да биде заменета со можната.

Подготвила, Марта Куковска

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!