fbpx
Почетна АНАЛИЗИ Секој осми стан во земјава под хипотека - банките се...

Секој осми стан во земјава под хипотека – банките се „газди“ на речиси 136.000 станови

Банките се „газди“ на секој осми стан во земјава. Податоците на Агенцијата за катастар на недвижности од Регистарот на цени и закупнини покажуваат дека во четвртиот квартал лани, односно од октомври до крај на декември, во земјава имало регистрирано вкупно 1.089.253 станови од кои дури 135.980 биле под хипотека .Тоа практично значи дека преку хипотеките на банките е пренесена сопственоста на дури 12,48 проценти од станбениот фонд во земјава. Споредбата пак за само еден квартал, од трети во четврти покажува дека се регистрирани плус 4.719 станови, а под хипотека се ставени 3.453 станови. Или во третиот квартал лани имало вкупно 1,084.534 станови од кои под хипотека биле 132.527 станови или 12,22 проценти.

 

Статистиката на Агенцијата за катастар покажува дека за граѓаните најлесна опција за купување стан е преку хипотекарен кредит од банка, во кој залог е токму станот кој се купува. Па така драстично расте бројот на станови под хипотека. Ако се споредат податоците со само пред три години, односно со последниот квартал на 2016 година, излегува дека тогаш секој десетти стан бил под хипотека кај банките, за разлика од сега кога секој 8-ми е под хипотека. На крајот на 2016 година имало вкупно 1.033.504 станови во регистарот или 55.749 помалку од крајот на 2019-та година, од кои 102.164 биле под хипотека или за 33.816 помалку од сега, што пак е 9,89 проценти од вкупниот станбен фонд или 2,6 проценти помалку од крајот на 2019 година.

Скопје рекордер – секој петти стан заложен кај банките

Скопје е рекордер по заложени станови-дури половината од хипотеките се во главниот град. Податоците покажуваат дека на секој петти стан во метрополата „газди“ се банките. Така во катастарот во Скопје во периодот од октомври до крај на декември биле запишани вкупно 319.162 станови, од кои дури 20,8 проценти или 66.599 се под хипотека.

Втор на листата градови со процентуално најмногу хипотеки во споредба со бројот на впишани станови во катастарот е Неготино каде на банките се пренесени имотни листови на 18.94 проценти од становите или од вкупно 12.930 станови во општината, дури 2.449 се под хипотека.

Гевгелија е на третото место според процентот на заложени станови и тоа од вкупно 23.777, хипотека има на 3.976 или на 16,72 проценти од становите.

Со станови под хипотека над државниот просек се уште Кавадарци со 14,17 проценти заложени станови, Битола со 12,91 процент, Штип со 12,82 проценти станопви под хипотека од вкупниот број станови во општината.

Најдолу на листата, или со најмалку станови под хипотека се Кратово со само 1,36 проценти и Македонски Брод, каде што во банка се заложени 1,79 проценти од станбениот фонд.

Во земјава има 6.368 нови непродадени станови

Бројките на Агенцијата за катастар на недвижности покажуваат дека во периодот октомври – декември 2019 година, на целата територија на земјава се продадени 881 новоизградени станови што е за 207 станови повеќе од третиот квартал во 2019 година.

Статистиката покажува дека заклучно со декември лани, во земјава има дури 6.042 станови кои се изградени, а сè уште не се продадени и се нудат на пазарот на недвижности. За разлика од претходниот квартал пак, во четвртиот квартал има намалување за 326 на непродадените станови. Додека пак, во овој период се издадени 12.668 листови за предбележување на градба, што значи дека овие објекти се во фаза на градба и наскоро ќе се најдат на пазарот на недвижности.

Новинарска обработка: Ф.А

Графичка обработка: Виктор Ѓуровски

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!