fbpx
Почетна АНАЛИЗИ Скопје рекордер по дивоградби - регистрирани 226, Липково има 68 од кои...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби – се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека има околу 100.000 нелегално изградени објекти во земјава кои ги пробиле сите претходни рокови за легализација и сега го чекаат новиот закон кој со 1.000 амандмани поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ заглави во Собрание. Новото решение дава можност за легализирање на градбите изградени до 1 октомври 2019 година.

Но, податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека низ годините, иако имаше можности за легализација, сепак никнувале се повеќе дивоградби низ земјава. Последниот податок на статистика е за 2018 година. Тогаш биле регистрирани дури 955 бесправно изградени објекти. Или бесправно биле изградени 249 објекти за домување што е 26 %, 133 доградби, надградби и адаптации или 13,9 %. Имало нелегално изградени 113 деловни објекти што се 11,9 % од вкуниот број, 78 гаражи или 8,2 %, 134 огради или 14 %, 6 скалила или 0,6 %, 15 тераси 1,6 %, 28 летни тераси 2,9 %, 95 настрешници 9,9 %, 13 времени објекти 1,4 % и 91 помошен објект или 9,5 %.

Ако се гледа пак по градови, убедливо рекордер по дивоградби е Скопје со 226 бесправно изградени објекти, од кои најмногу 71 ги има во Центар, па Бутел со 45 од кои дури 27 се објекти за домување, потоа Гази Баба со 35, Ѓорче Петров со 19, Кисела Вода со 18.

Од другите градови низ земјава во 2018 година биле регистрирани 78 дивоградби во Куманово, 70 во Штип, дури 68 во Липково од кои дури 63 биле објекти за домување, 56 во Струмица, 50 во Охрид, 30 во Струга.

Најголем број бесправно изградени објекти 98,1 % се во приватна сопственост. А податоците, Државниот завод за статистика ги прибира од општините, односно од статистиката која им ја испраќа секторот за урбанизам на општините низ земјава.

Ако се земе пак само периодот до 2011 година, до кога требаше да бидат изградени објектите кои имаа можност за легализација со претходното законско решение, излегува дека од тогаш до сега во земјава годишно се регистрирани во просек по околу 1.000 дивоградби.

Така во 2017 година биле регистрирани 762 бесправно изградени објекти, во 2016 дури 1.037, во 2015 година 1.061. Во 2014 година под дивоградби биле регистрирани 1.075 објекти, во 2013 година 1.275, во 2012 година 1.403 и во 2011 година дури 1.412 објекти се градени без дозвола за градба.

Ако се гледаат пак бројките претходно, во 2010 година во земјава имало 1.630 дивоградби, а во 2009 година нивниот број бил 1.808.

Ова сепак е бројот на регистрирани дивоградби, а колку вкупно ги има во земјава засега точно никој не знае. Бројките од надлежните институции велат дека со актуелниот закон, биле поднесени 430.000 барања за легализација, а во рокот кој се продолжуваше во два наврати во кој имаа право да аплицираат сопствениците на дивоградби изградени до 3 март 2011 година, спроведени се над 245.500 решенија за легализација. Експертите пак алармираат дека дивоградбите се небезбедни за подрачје како нашето кое е карактеризирано со висок степен на сеизмичност.

„Таканаречените дивоградби, покрај урбанистички, во себе содржат и архтектонски, конструкторски, инфраструктурни, енергетски и други аспекти на дерегулација. За нашето подрачје, карактеризирано со висок степен на сеизмичност, од особено значење е квалитетот на конструкцијата, односно сигурноста на објектот, што пак е непосредно поврзано со безбедноста на неговите корисници. Од таму и потребата при носењето на вакви законски решенија да се најде начн за своевидна категоризација на легализираните објекти според видот и капацитетот на нивниот конструктивен систем. Треба да се спречи своевидно „втопување“ на ваквите објекти во масата на контролирано изградените. Процес кој не е едноставен, но не и невозможен“– вели професорот на Градежниот факултет Горан Марковски.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека убедливо највисок процент на регистрирани дивоградби низ годините се објекти за домување, од кои голем дел се згради. Во новото законско решение кое е неизвесно дали ќе се донесе пред распуштањето на парламентот зградите, доградбите на зградите и терасите, но и објектите во заштитеното подрачје на Охридското крајбрежје воопшто нема да можат да се легализираат. Другите пак сопственици на дивоградби ќе можат да ги легализираат објектите само ако платат 100 проценти за комуналии и дополнителни 50 проценти како казна дека бесправно граделе.

Подготвил: А.Ф

Графичка обработка: Виктор Ѓуровски

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.  

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!