Бизнисот на петте најголеми во обложувањето и коцкањето тежок 249 милиони евра

24.10.2019
Свето Николовски

Петте најголеми компании во дејноста коцкање и обложување лани завртеле 249,5 милиони евра.Од овој вкупен приход како добивка на крајот на годината пријавиле 8,328 милиони евра.Анализата покажува дека најголем дел од бизнисот го реализира ,,Спорт –Лајф трејд“ од Скопје.Ова друштво имало вкупни приходи од скоро 89 милиони евра,што претставува 35.6 % од приходите на петте најголеми во овој бизнис.Веќе втората на листата ,,Делта-бет“ имала 51,5 милиони евра вкупни приходи,а трето рангираната ,,Принцес хотел и казино“ од Богородица, крај Гевгелија завртела 40,5 милиони евра.Логично и најголем дел од вкупната добивка завршила кај ,,Спорт-лајф трејд“.Тие лани имале добивка од 5,3 милиони евра,односно повеќе од сите други четири компании заедно во овој бизнис со коцкање и обложување. ,,Делта бет“ и ,, Златна копачка 1 “ имале сличен износ на добивка , 1,235 односно 1,222 милиони евра. Гевгелиската ,,Принцес хотел и казино“ и ,,Бет ту мар“ имале многу помал удел во добивката со 372 односно 232 илјади евра.

Ред. БројКомпанијаВкупни приходи мил. €Добивка мил. €Добивка по вработен €Број на вработениСтепен на самофинансирање
1,,Спорт лајф трејд“-Скопје88,9195,2666.03287362,93%
2,,Делта бет“-Скопје51,5641,2352.71645573,67%
3,,Принцес хотел и касино“-Гевгелија40,4610,37266655936,98%
4,,Златна копачка 1“-Скопје37,8181,2223.94431090,54%
5Бет ту мар“-Скопје30,7520,23297123948,97%
Вкупно249,5168,3282436

Ако се анализира бизнисот сите друштва покажале раст на вкупните приходи ,освен ,,Златна копачка 1“ која покажала пад на приходите за четвртина во однос на претходната година.Логично тоа се одразило и на добивката кај оваа компанија која била намалена за скоро 27% во 2018-та.Минус кај добивката од 21,7% покажала и ,,Делта бет“ иако имала раст на вкупните приходи за над 29%.Апсолутен лидер во раст на профитот била ,,Бет ту мар“ со дури 344% зголемување на профитот лани.

Доколку се споредат компаниите според бројот на извршители најголема е ,,Спорт лајф трејд“ со 873 вработени .Второрангирана е ,,Принцес хотел и касино““ со 559 лица,а на трето место е ,, Делта бет“ од Скопје со 455 вработени. ,,Златна копачка 1 “ од Скопје има вработено 310 лица,додека друштвото ,,Бет ту мар“ има ангажирано 239 извршители во своите објекти.

Сосема поинакво светло врз овој бизнис дава споредбата на прикажаната добивка со бројот на вработени.Повторно на врвот е ,,Спорт лајф трејд“ со 6.032 евра профит по вработен, но на второ место е ,,Златна копачка 1“ со 3.994 евра.Трето рангирана е ,,Делта бет“ со 2716 евра, додека ,,Бет ту мар“ имала трипати помала добивка по вработен ,односно 971 евро.Последна според овој индикатор е ,,Принцес хотел и казино“ со 666 евра профит по вработен.

Интересна е и споредбата според степенот на самофинансирање. Апсолутен лидер со неверојатни 90,54% е ,,Златна копачка 1“ која практично работи со сопствени средства и со незначителен процент на користење позајмени пари.Наспроти ова друштво ,,Принцес хотел и казино“ има повеќе од двојно помал степен на самофинансирање,односно скромни 36,98%. Солидни 73,67 односно 62,93% имале ,,Делта бет“ и ,,Спорт лајф трејд“.И за крајот уште еден податок, гевгелиската ,,Принцес хотел и казино“ е убедливо на прво место според големината на вкупната актива на компанијата со скоро 20 милиони евра,односно повеќе од сите четири други фирми заедно.

Подготвил, Свето Николовски.

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.


ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде