fbpx
Почетна ТЕРМИНОЛОГИЈА “Мачете ги бројките и тие ќе Ви признаат се.” - Gregg Easterbrook...

“Мачете ги бројките и тие ќе Ви признаат се.” – Gregg Easterbrook – Што се финансиски показатели?

Финансиските извештаи ги прикажуваат остварените резултати на компанијата за еден пресметковен период. Преку билансот на состојба се прикажуваат средствата и изворите на средствата на компанијата. Од друга страна пак, преку билансот на успех се прикажуваат трошоците, профитот и нето добивката кои компаниите ги оствариле за истиот период.

Но, како можеме да видиме дали компаниите го подобриле своето работење? Дали работат ликвидно и дали навремено ги отплатуваат своите обврски? За колку време ги наплатуваат своите побарувања? Какви профитни маржи остваруваат?

Со оглед на тоа дека финансиските податоци во финансиските извештаи се прикажани во апсолутни износи, вака прикажаните износи не можат да дадат слика за работењето на компанијата. Секој остварен резултат е добар, се додека не се спореди. 

За да видиме дали компанијата работи ликвидно и профитабилно како и за да утврдиме каков обрт на своите средства остварува потребно е да се направи финансиска анализа и пресметка на соодветни финансиски показатели врз основа на прикажаните резултати во финансиските извештаи за најмалку два пресметковни периоди.

Финансиските показатели претставуваат сооднос на одредени ставки во финансиските извештаи и го претставуваат оној дел од финансиските извештаи кој не може да се види преку прикажаните износи. Тоа се соодноси со чие пресметување се добива суштината на работењето на компанијата, па оттаму и се особено значајни при анализирањето на компанијата и се од голема полза при носењето на деловни одлуки.

Главно, финансиските показатели можат да се поделат во 5 групи:

  • Показатели на ликвидност
  • Показатели на обрт
  • Показатели на профитабилност
  • Показатели на задолженост
  • Показатели на пазарна вредност на компанијата

Секој од овие видови показатели открива посебен дел од работењето на компанијата. 

Така, показателите на ликвидност покажуваат колку компанијата е способна со тековните средства да ги финансира тековните обврски. Преку показателите на ликвидност се утврдува колку различните видови тековни средства се застапени во вкупните тековни средства и каква импликација имаат истите врз ликвидноста на компанијата, започнувајќи од залихите како најмалку ликвидни средства до парите како најликвидни средства

Показателите на обрт покажуваат колку пати во просек компанијата успева да направи обрт на своите вкупни средства, залихи, побарувања, обврски и капитал. Со помош на нив се овозможува да се добие претстава за колкав временски период во просек компанијата врши исплата и наплата на своите обврски и побарувања, како и за колку време во просек ги претвара залихите во парични средства.

Показатели на профитабилност ни даваат до знаење колку компанијата успева остварените приходи да ги претвори во различни видови добивка, колкав принос компанијата остварува од користењето на сопствениот капитал како и способноста и ефикасноста на менаџментот во користењето на вкупните средства на компанијата за генерирање профит.

Показателите на задолженост претставуваат показатели за користење на туѓ капитал во компанијата како и за тоа колку добро компанијата може да го носи товарот од своите обврски, дали има потешкотии при сервисирање на долговите и каматата како трошок на позајмениот капитал.

Показатели на пазарна вредност на компанијата ја претставуваат вредноста на компанијата на пазарот, односно како пазарот го оценува работењето на компанијата. Главно, ваквите видови показатели се пресметуваат за компании кои котираат на берза и преку нив како и преку останатите показатели потенцијалните инвеститори или имателите на хартии од вредност донесуваат одлука за купување или продавање на финансиски инструменти.

Таргет Груп ДОО Скопје како компанија која  е експерт во областа на управување со деловни податоци како и компанија која постојано настојува да обезбеди пристап до високо квалитетни деловни и бонитетни информации за компаниите од Македонија и странство, преку бонитетните извештаи кои ги изработува овозможува детална финансиска анализа на работењето на компаниите и со употреба на значајни финансиски показатели како и преку утврдување на бонитетна оценка и препорачан кредитен лимит настојува да даде целосна слика за работењето на компаниите со цел носење на паметни деловни одлуки.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!