Банките
претставуваат најзначајни депозитни финансиски институции во секоја земја, но
тие не се единствени депозитни институции. Во групата на депозитни финансиски
институции  влегуваат:

  • штедни и кредитни
    асоцијации;
  • штедилници;
  • кредитни унии.

Овие финансиски институции, заедно со банките,
имаат значајна заедничка карактеристика – извор на средства за нивното работење
се штедните депозити од населението.

Од
друга страна, освен депозитните финансиски институции, на пазарот на капитал
постојат и недепозитни финансиски институции. Тоа се финансиски институции кои
се помалку застапени за разлика од депозитните финансиски институции, но во
развиените економии имаат тенденција на постојан раст, додека во Македонија се сѐ уште на своите почетоци. Во делот на недепозитни финансиски
институции се вбројуваат:

Ваквиот
вид на финансиски институции се разликуваат меѓусебно, но имаат и една
заедничка карактеристика, а тоа е дека сите тие не се овластени за вршење
банкарски работи и прибирање на депозити, туку вршат најразлични
услуги, како што е кредитирање, осигурување,
инвестирање во различни хартии од вредност, приватни и државни пензиски планови
и слично.

Но,
која е поврзаноста помеѓу финансиските институции и финансиските посредници? Дали
финансиските институции се и финансиски посредници?

Преку
финансиските посредници на индиректен начин може
да се движат финансиските средства така што се позајмуваат средства од оние
економски единици кои имаат суфицит и се трансферираат кон оние економски
единици кои имаат дефицит на финансиски средства. Финансиските посредници
практично претставуваат финансиски институции кои се наоѓаат помеѓу штедачите и
заемобарателите и овозможуваат трансфер на финансиските средства. Финансиските
посредници може да се поделат на три групи посредници:

  • Депозитни финансиски
    посредници;
  • Договорни посредници;
  • Инвестициони посредници.

Во
зависност од тоа какви активности извршуваат финансиските посредници, тие може да бидат дел од различни финансиски институции (депозитни и
недепозитни финансиски институции).

Финансиски
институции
Вид
на финансиски посредник
Извор
за прибирање на средства
Искористување
на прибраните средства
Депозитни финансиски посредници
Депозитни
финансиски институции
Банки Депозити Комерцијални
и потрошувачки кредити и заеми, станбени кредити и заеми, државни хартии од
вредност
Депозитни
финансиски институции
Штедилници Депозити Потрошувачки
и станбени кредити и заеми
Депозитни
финансиски институции
Кредитни
унии
Депозити Потрошувачки
кредити и заеми
Договорни посредници
Недепозитни
финансиски институции
Осигурителни
компании
Премии
од осигурување
Корпоративни
и хипотекарни обврзници, државни хартии од вредност
Недепозитни
финансиски институции
Пензиски
фондови
Придонеси
од работење
Корпоративни
обврзници, државни хартии од вредност, акции
Инвестициони посредници
Недепозитни
финансиски институции
Финансиски компании Акции,
комерцијални хартии од вредност, обврзници
Потрошувачки
комерцијални кредити и заеми
Недепозитни
финансиски институции
Инвестициони
фондови
Акции Акции
и обврзници

Меѓутоа,
сите финансиски институции не се финансиски посредници.

Ваквите финансиски институции најчесто се познати како други финансиски институции во чиј состав влегуваат финансиски институции кои не креираат сопствени финансиски инструменти (не креираат депозити, премии од осигурување, придонеси, акции или обврзници), туку тргуваат со веќе издадените финансиски инструменти од други институции. Таков пример се: хипотекарните банки, инвестиционите банки, брокерите и дилерите.

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.


ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде