fbpx
Почетна АНАЛИЗИ Што се случува со цените на горивата и нафтените деривати?

Што се случува со цените на горивата и нафтените деривати?

Последното зголемување на цената на нафтата е поврзано со веста која ја објавија иранските државни медиуми дека две ракети удриле во ирански танкер за нафта на Црвеното Море. Така, цената за нафтата „брент“ се зголеми за 2,07% на 60,33 долари за барел, а слична е состојбата и кај американската „лесна“ нафта. Според последната промена на 15.10.2019 година, во Македонија Еуро 95 се продава по цена од 67,5денари (1,09Еур), Еуро 98 по цена од 70 денари (1,13Еур), а дизел горивото по цена од 62 денари (1 Еур). Цените на горивата во последните 6 месеци и повеќ е може да ги погледнете ако кликнете на линкот.

Споредено со земјите од регионот: Србија, Албанија, Црна Гора, Хрватска и Бугарија, Македонија има моментално најниски цени, со мали варијации кај истите, а на второ место е Бугарија.

Во Македонија, како што е познато, ОКТА Рафинерија на нафта од 1999 функционира како претпријатие со приватен мнозински пакет на акции со капацитет за произвоство на Еуро 95, Еуро 98, дизелно гориво, гориво за млазни мотори, течен нафтен гас и комерцијален бутан, а од маслата за горење: мазут со содржина на сулфур до 2% и екстра лесно масло за домаќинство. Во изминатите 3 години почнувајќи од 2016 година, истата не извршила увоз на сурова нафта за преработка.

Најголем процент на потрошувачка почнувајќи од 2016 година има кај дизел горивата и тоа со на 60% по година. На второ место се безоловните бензини со 11 – 12 проценти. Од 2016 година наваму цената на нафтата има претрпено многу промени, и она што е карактеристично за неа е дека од 35,301 долари за барел, сега имаме 60,33 долари за барел, што голем скок. Во текот на 2016 година цената во долари за барел доживеала голем раст при што од 35,3 долари за барел во првиот месец од годината стигнала до 54 долари. Истата година вредноста на америнскиот долар не била многу променлива и се движела од 54-58 денари. Најниската цена за барел за 2017 година е 47 долари, а највисоката 64,1 долар и тоа во последниот месец од годината. Истата година доларот во Македонија бележи пад од скоро 6,7 денари до крајот на годината, со варијации во текот на целата година. Најниската цена за 2018 година била во декември и тоа во износ од 57,226 долари за барел, а највисоката во мај и тоа 78,687 долари за барел.

Што всушност ја одредува цената на нафтата?

Како што пишува Џаден Урби за медиумот CNBC, има три фактори од кои најмногу зависи цената на нафтата: снабдувањето, побарувачката и геополитиките. Првото се однесува на тоа колку нафтата е достапна, а е историски утврдено со OPEC (Organization of Petroleum Exporting Countries) или Организација на земји кои извезуваат нафта. Значи ако истата е достапна во поголеми количини, тогаш се претпоставува уште на старт дека во текот на годината ќе се постигнат и пониски цени.

Побарувачката се однесува на тоа колку е нафтата побарувана во одредено време, вели гореспоменатиот автор. Ова вклучува греење, транспорт, електрична енергија и значи дека колку поголем е економскиот раст на еден регион, толку поголема е и потребата од нафта.

Геополитиките се третиот фактор кој функционира во однос со достапноста односно снабдувањето и со побарувачката на нафтата. Така, ако земјите кои се извозници имаат отежнати односи меѓусебе, веројатно дека и цената на нафтата ќе претрпи промени.

Освен овие три главни фактори, тука се и други споредни фактори кои имаат влијание на одредувањето на цената, како на пример природните катастрофи.
Ако направиме корелација на цените на нафтата со стандардот на земјите, нема значителна разлика кај истите, а цената останува слична. Така цената на Еуро 95, Еуро 98 и дизел во Германија не е многу поразлична од Македонија, а ако зборуваме за стандардот на овие две држави истиот значително се разликува. Значи цените се диктирани од фактори кои за жал не се приспособливи на стандардот.

Подготвила Марта Димитров.

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!