Средствата на компанијата и изворите на средствата се меѓусебно поврзани. Значајно е да се напомене дека секое средство има свој извор и затоа секогаш средствата треба да бидат еднакви на изворите на средства, зашто не може да постои средство кое не е финансирано од ниту еден извор и обратно.

Иако се меѓусебно поврзани, средствата и изворите на средствата се различни економски категории кои имаат различна функција во работењето на една компанија.

Што се средства?

Средствата на компанијата го претставуваат нејзиниот имот и тие може да се јават во различни облици и форми (згради, опрема, хартии од вредност, побарувања, парични средства), па според тоа може да се поделат во две основни категории:

  • Постојани средства (нетековни средства);
  • Обртни средства (тековни средства).

Средствта се ресурси на компанијата од кои се очекува идна економска корист.

Што се извори на средства?

Изворите на средствата го претставуваат начинот, односно изворот на кој се стекнати средствата. Изворите на средства, главно може да се поделат на:

  • капитал (сопствен извор на средства);
  • обврски (туѓ извор на средства).

Што е биланс на состојба?

Билансот на состојба е дел од сетот на финансиски извештаи од годишната сметка на компанијата во која се прикажува износот на средствата и изворите на средствата на компанијата на точно одреден датум. Средствата се прикажани во активата, а изворите на средствата во пасивата.

Според тоа, можеме да дојдеме до одредени заклучоци во врска со средствата и изворите на средствата:

БИЛАНС НА СОСТОЈБА

АКТИВА = ПАСИВА
СРЕДСТВА = ИЗВОРИ НА СРЕДСТВА
СРЕДСТВА = КАПИТАЛ + ОБВРСКИ

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.


ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде