fbpx
Почетна ВЕСТИ Шведска единствента земја која непревзема остри мерки за справување со коронавирусот е...

Шведска единствента земја која непревзема остри мерки за справување со коронавирусот е на чекор пред постигнување општ имунитет кај населението

Откато започна ширењето на корона вирусот низ Европа соседите на Шведска ги затворија границите, училиштата, баровите, и поголемиот дел од бизнисите. Но Швеѓаните се спротиставија на оваа политика и решија да дозволат се да функционира исто како и пред да се појави пандемијата.

Стратегијата е да се намали ширењето на вирусот на начин на кој ќе се дозволи делумна изложеност на него, со единствена цел да се изгради општ имунитет кај популацијата, и на тој начин да се заштитат високо ризичните групи како старите лица – многумина ова го сметаа за контроверзно и како владата да си игра “Руски рулет” со јавното здравје.

Но, денес главниот епидемиолог на Шведска тврди дека стратегијата која ја има Шведска успешно функционира и посакуваниот општ имунитет за неколку недели ќе биде достигнат во Стокхолм.

“Во поголемиот дел од областите околу Стокхолм, достигната е највисоката точка на заболени и од тогаш е во конитуирано опаѓање веќе може да се забележи ефектот кој го има општиот имунитет и во неделите кои следат само поочигледни ќе бидат позитивните ефекти кои ги носи оваа стратегија.” – изјави Андерс Тегнел, главен епидемиолог на Шведската агенција за јавно здравје.

Oпштиот имунитет кај населението најчесто се постигнува преку вакцинација, се смета дека една нација има постигнато општ имунитет кога 60% од населението е отпорно на вирусот. Но без вакцина за корона вирусот научниците не се сигурни дали пристапот на Шведска можа да води кон општ имунитет бидејќи не е сигурно дали прележувањето на овој вирус гарантира долготрајна отпорност, од причина што досега имаште неколку случаи на реинфекција на лица кои претходно биле заразени со коронавирус.

Податоците укажуваат дека 20% од наслението на Стокхолм е веќе имуно на вирусот, и за неколку недели се очекува да се достигне нивото на општ имунитет, веруваме дека причината за намалениот број на новозаразени и покрај зголемениот број на тестирани лица е стекнататиот имунитет кај населението. За жал високата стапка на смртност се должи поради појавата на вирусот во старечките домови, истражуваме на што се должи оваа ситуација.”– додаде Тегнел.

Најголемиот дел од заразените со коронавирусот или поточно 15,322 лица се наоѓаат во Стокхолм и околината, со мал број на регистрирани случаи на други места низ земјата којa брои популација од 10 милиони жители и ниска густина на населеност надвор од урбаните центри.

Број на нови Covid-19 случаи во Шведска

Шведска има регистрирано 1,765 смртни случаи, што е многу повисока бројка за разлика од нејзините соседни земји кои наложија многу строги рестриктивни мерки.

Бројот на заразени во Шведска е речиси дупло поголем од бројот на заразени во соседот Данска (8,108 заразени и 370 смртни случаи) и Финска (со 4000 заразени и 141 смртен случаи) кои се должат на строгите рестриктивни мерки.

Тегнел изјави дека одлуката на Шведска да тестира поголеми групи на луѓе (претходно ги тестираа само оние кои сами ќе дојдат во болница за да се тестираат) e причината поради која боројот на заразени не се намалува толку брзо како што можеше да се очекува.

Во моментов Шведска тестира по 20,000 луѓе неделно и планира таа бројка да се искачи на 100,000 луѓе неделно за неколку недели.

Дали повозрасните граѓани ќе ја платат цената на овие мерки?

Додека изгледа дека бројот на заразени се намалува, општиот имунитет изгледа прилично контроверзен. Тактички дозволувајќи му на вирусот да се шири ги изложува старите лица и оние со здравствени проблеми пред голем ризик сериозно да се разболат, што многу веројатно може да резултира со нивна смрт.

Тегнел е загрижен поради високата стапка на смртност во домовите за нега на стари лица кои го сочинуваат поголемиот дел од смртните случаи во Шведска.

Половина од смртните случаи ги сочинуваат лица кои живееле во домовите за грижа на стари лица.

“Тоа е групата која што мораме да ја заштитиме”- изјави тој, надоврзувјаќи се дека министерството за здравство е во соработка со домовите за нега на стари лица за да можат да ги превземат сите можни акции за спречување на понатамошно ширење на вирусот.

Мерките кои ги превзема Шведска во борбата со коронавирусот

Додека другите земји посегнаа кон максимални рестриктивни мерки, Шведска имаше поразличен пристап, тој пристап во главно се базираше на довербата во нселенито да се прилагоди на препорачаните мерки кои треба да го спречат ширењето на пандемијата.

Животот во Шведска за време на коронавирусот

Шведската влада препорача работа од дома кај оние бизниси каде што е возможно тоа, да се избегнуваат непотребни патувања и контакт со повозрасни лица. Рестораните, баровите, кафулињата и ноќните клубови остануваат отворени и е забрането собирање на повеќе од 50 лица. Училиштата за деца под 16 години останаа отворени и општо животот продолжи исто како и претходно само со минимални промени и рестрикции.

Извор:CNBC

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!