fbpx
Почетна ТЕКСТИЛНА ИНДУСТРИЈА: Кои се топ 10-те компании што исплаќаат највисоки плати?

ТЕКСТИЛНА ИНДУСТРИЈА: Кои се топ 10-те компании што исплаќаат највисоки плати?

Во десет компании од текстилниот бизнис кои остваруваат годишен обрт од 250 000 евра, највисоките плати се движат од 742 евра до 484 евра.

Таргет Груп“ ја подготви и објавува ранг листата со десет фирми каде била исплатена највисока просечна плата.

Увидот во структурата на трошоците на ниво на овој бизнис покажува дека годишно расходите на компании за вработените се на ниво од околу 155 милиони евра – со најголем учинок во структурата на вкупните трошоци.

Високи плати земаат мал број на вработени

Највисоките просечни исплатени нето плати во текстилната индустрија, се движат од 742 евра до 484 евра. Овој вид на плати ги заработуваат само околу 135 вработни концентрирани во десет компании кои пријавиле највисоки просечни плати во 2018 година.

Во листата од десет компании кои лани исплатиле највисоки просечни плати се четри компании од Скопје, четири од Штип и по една од Гевгелија и од Кочани.

Конкретно, највисока плата по вработен исплаќа Арманекс ДООЕЛ, Скопје и тоа 741.8 евра, следна е Кара АД, Скопје со 650.8 евра, по неа штипската фирма Текстил Логистик Македонија ДООЕЛ со просечна највисока плата по вработен – 612.1 евро. На четврто место е Алматекс ДООЕЛ, Кочани 594.3 евра, а на петто Текома ДОО, Штип со 552.4 евра. Шеста по ред со,највисока месечна плата по вработен е регистрирана во фирмата А-Цони Александар ДООЕЛ, Скопје, и тоа 548.6 евра, додека пак во гевгелиската Хениа Какламанос ДООЕЛ таа изнесува 540.2 евра, во Лаура ГМБХ ДОО, Штип – 530.5 евра, во скопската Златекс ДОО – 521.2 евра и на десетто место е Фролинг ДООЕЛ, Штип со просечна највисока плата по вработен од 484.0 евра.

Доколку сакате да дознаете повеќе за висината на просечната плата во текстилната индустрија притиснете овде.

Според дејноста што ја врашат во текстилниот бизнис, седум фирми се насочени кон производство на друга горна облека, по една компанија има од дејноста призводство на готови текстилани производи, освен облека, од производство на обувки и од дејноста довршување на текстил.

Ако се направи споредба за тоа како се движеле највисоките плати во последните три години и како се движел бројот на вработени што ги земаат тие плати, може да се забалежи интресен феномен. Постои пример на компанија од текстилната индустрија која го намалила бројот на вработени за дури 14 пати а ја зголемила платата за 2,5 пати, во друг пример пак текстилна фирма во период од три години го намалила борјот на вработени за пет пати а ја зголемила висината на плата за три пати.

Доминација во расходите на текстилните компании имаат трошоците за вработените. Стaвката “трошоци за вработени“ во вкупните расходи има удел од цели 40,1 %. Во 2018 година пресметките покажуваат дека вкупните расходи на текстилните фирми изнесуваат 383,8 милиони евра.

Останатиот дел од расходите отпаѓаат на инвестиции во материјални средства, останати расходи од работењето, финансиски расходи, набавна вредност на продадените материјали, вредносно усогласување на тековни средства, вредносно усогласување на нетековни средства и резервирања за ризици и трошоци.

“Аналитика” во следното продолжение посветено на состојбата во текстилниот бизнис ќе ги објави и податоци за тоа колку од компаниите во текстилниот сектор се во странска сопственост.

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!