fbpx
Почетна ТРАНСПОРТЕН БИЗНИС: профит од 71,2 милиони евра – но успешноста се топи!

ТРАНСПОРТЕН БИЗНИС: профит од 71,2 милиони евра – но успешноста се топи!

Транспортните компании – односно фирмите кои се од дејноста „Транспорт и логитика“, во 2018 година прикажале добивка од 71,2 милиони евра. Анализата на Таргет Груп покажува дека за во периодот од 2016 до 2018 година приходите во дејноста „Транспорт и логистика“ се зголемени за 13%.

Приходите на транспортните компании и нивната логистика се во пораст, а растат и добивките што ги генерира овој сектор. Лани сите компании од транспортниот сектор и логистиката прикажале добивка во износ од 71,2 милиони евра, во 2017 година 70,8 милиони евра а во 2016 та година вкупната добивка била 67,7 милиони евра.

На годишно ниво, или во 2018-та во однос на 2017 година се регистрира пад на добивката кај дејностите поврзани со директниот транспорт како кај товарниот патен транспорт, кај поморскиот и крајбрежниот патнички воден транспорт, кај цевоводниот транспорт, а позначајно намалување на добивките е забележано кај такси превозот чиј профит за само една година е преполовен од 400 илјади евра во 2017 година на 200 илјади евра во 2018 година, потоа кај поморскиот и крајбрежниот товарен воден транспорт, кај претоварот и услугите за преселување но и кај поштенските и курирските услуги.

Од друга страна пак воздухопловниот товарен транспорт на годишно ниво забележува удвојување на добивката а значеан пораст има добивката во товарниот железнички транспорт, градскиот и приградскиот патнички копнен транспорт но и кај придружните и услужните дејности, односно фирмите што се транспортна логистика. Анализирано по дејности, најпрофитабилен со 38,8 милиони евра е товарниот патен транспорт, на второ место со профит од 8,3 милиони евра се услужните дејности поврзани со воздухопловниот превоз а на трето место според профитабилноста се останати придружни дејности во превозот со прикажана добивка од 6,7 милиони евра во 2018 година.

Во изминатиот тригодишен период или од 2016 година до крајот на 2018 година приходите на компаниите од овој бизнис се зголемени за 8 милиони евра или за 13%.

Конкретно, лани вкупните приходи на фирмите од транспортот, товарен патнички транспорт, градски и приградски патнички копнен транспорт, придружните и услужните дејности поврзани и со патничкиот и со воздухопловниот превоз, товарниот железнички превоз, такси службата, цевоводниот транспорт, претоварот, услуги за преселување и сите други видови на транспортни дејности и нивна логистика, се во износ од 1,11 милијарди евра.

Тука можете да ја погледнете листата за нето профитна маржа по сектори

Во 2017 година приходите биле на ниво од 1,07 милијарда евра а во 2016 година 987 милиони евра или за тригодишен период пораст од 13 проценти.

Кој и колку заработува во транспортниот бизнис …

Податоците на “Таргет груп“ покажуваат интересни параметри во однос на профитабилноста на дејностите во транспортниот сектор. На првите три места како најуспешни транспортни бизнис, мерено преку нето профитната маржа, се внатрешниот патнички воден транспорт со 25,76% добивка, цевоводниот транспорт со 21,73% и услужните дејности поврзани со воздрухопловниот превоз со нето профитна маржа од 16,11%. Сите останати дејности од транспортниот бизнис и логистика имаат нето профитна маржа под 10%.

На дното на листата според успешноста на бизнисот се такси службата со 2,09% нето профитна маржа, претовар на товар со 0,79% и товарен железнички транспорт со 0,08%. Не секој бизнис што генерира големи приходи и добивки значи дека е успешен. Конкрентно на пример товарниот железнички транспорт кој е со една од најмалите нето профитни маржи, се вбројува во првите десет транспортни дејности според остварени приходи. И обратно, внатрешниот патнички воден транспорт според остварените приходи се наоѓа на 18 то место од рангираните 20 транспортни бизниси а според добивката во 2018 година е рангиран на 14 то место.

Во 2018 та година во споредба со 2017 година добивката мерена преку нето пофитната маржа е зголемена кај внатрешниот патнички воден транспорт, значаен пораст има кај цевоводниот транспорт, услужнидејности поврзани со воздухоловниот превоз, товарниот воздухопловен транспорт, градски и приградски копнен патнички сообраќај, додека намалување на процентот има кај услуги за преселување, поморскиот и крајбрежниот товарен воден транспорт, услужни дејности со копнен превоз, такси службата, претовар на товар.

На ниво на државата, преку опафат на сите плански региони во Македонија, во изминатите три години е забележен транд на намалување на успешноста, однос просечната нето профитна маржа на ниво на целиот транспортен бизнис. Така, во 2016 година нето профитна маржа била 6,87 %, следната 2017 година се намалува на 6,58% а во 2018 година се спушта на 6,37%.

“Трагет Груп“ веќе објави дека дури 40,2% од вкупниот број на вработени во транспортниот бизнис се во дејноста “товарен патен транспорт“ а на второ место според апсорбција на вработени е “поштенскиот бизнис“ односно “дејноста за давање на универзални поштенски услуги. Повеќе за бројот на вработени, приходите и профитите во транспортниот бизнис можете да прочитате тука.

Анализа на податоци: Таргет Груп

Новинарска обработка: А.Д

Графичка обработка: Виктор Ѓуровски

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!