Секторот за малопродажба е со сигурност презаситен, големиот број на маркети кои секојдневно се отвораат низ целата територија на државата се дел од агресивната стратегија на компаниите за преземање на потрошувачите помеѓу себе. Малопродажбата повторно ќе бележи раст, но бидејќи континуираниот раст во последните години и значително повисокиот подем на тврдите дисконти.

На краток рок, односно до крајот на 2019-та и почетокот на 2020-та агенцијата проектира случување на следните промени во сегментот:

Доколку сакате да дознаете повеќе за пазарот во Р.Македонија кликнете тука и прочитајте го интервјуто со Сергеј Зафировски.

  • Дополнително отворање на нови продажни локации, на сметка на намалување на профитот кај компаниите. И покрај презаситеноста на пазарот со продажни места, отворањето на нови ќе продолжи со ист интензитет, бидејќи компаниите на тој начин се обидуваат да ги преземат потрошувачите од конкурентите.
  • Поголема изразеност на финансиски логичните потрошувачи, бидејќи се поголем дел од нив своите месечни буџети се обидуваат да ги “потрошат” што “попаметно” односно да го намалат влијанието на сумата за прехранбени производи во однос на вкупно расположливиот буџет.
  • Интензивирање на конкуренцијата помеѓу тврдите дисконти. Претходно Кам, Стокомак и Киппер беа насочени кон преземање на потрошувачите од класичните ланци на маркети, кое што со сигурност ќе продолжи во иднина. Но, во тековната година ќе се забележи и поголем интензитет на конкурирање и кај тврдите дисконти помеѓу себе.
  • Зголемување на продажбата преку електронските продавници. На пазарот со сигурност ќе започнат со работа уште 2 е-продавници, со што вкупниот нивен број (за прехранбени производи) ќе биде 6 кои се доволно да продолжат да го развиваат посочениот сегмент. Бидејќи локалните ланци имаат поголем бенефит од отворање на електронска продавница ( не вложуваат во физички локации ), очекувано е да истите бидат главни двигатели во електронската сфера.
  • Намалување на профитот и приходот кај локалните трговски ланци. Во 2018-та растот на вкупниот приход кај локалните ланци е приближно 3%, кој што не е воопшто значаен. Со агресивниот пристап на националните ланци, очекувано е да локалните имаат идентичен или понизок раст во 2019-та, со исклучок на неколку од нив кои имаат подобрени бизнис модели и можности за конкурирање.

Во соработка со Таргет Груп, Бизнис Мрежа и Инсајдер ИД.

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.


ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде