fbpx
Почетна АНАЛИЗИ УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата за јавни приходи во Годишниот извешај кој се однесува за 2018 година.

Даночните инспектори од над 10.000 при 4.474 контроли утврдиле неправилности и новоутврден данок кој газдите не го прикажале. Бројките покажуваат дека состојбата со прикривање на даноци во стопанството воопшто не е мала, а интересно е што во однос на претходната 2017 година сумите се дуплирани. Така во 2017 инспекторите при контролите утврдиле речиси 27 милиони евра неплатен данок, што е за 16 милиони евра помалку од 2018 година.

Бројките на УЈП покажуваат дека стопанствениците најмногу се обидувале да го прикријат данокот на добивка. Па така од 43 милиони евра кои се обиделе да ги „скријат“, повеќе од половината или 25,5 милиони евра се новоутврден данок на добивка од страна на даночните инспектори. Во однос на 2017 година тоа е значителен раст зошто новоутврдениот данок на добивка од страна на инспекторите тогаш изнесувал 12,5милиони евра или половина од сумата која се обиделе да ја скријат од даночниците во 2018 година.

Втор е Данокот на додадена вредност, односно бизнисмените се обиделе да „скријат“ 12,2 милиони евра ДДВ во 2018 година и 4,9 милиони евра персонален данок на доход. Од УЈП велат не може да се каже дека даночната евазија е зголемена, бидејќи за тоа треба повеќегодишна анализа.

„Овој износ на дополнително утврден данок не може да се земе како основен показател за даночната евазија, особено од причина што предмет на контрола е конкретен број на селектирани даночни обврзници од вкупниот број на регистрирани даночни обврзници (правни лица, самостојни вршители на дејност и физички лица). Неправилностите утврдени со контрола не значат секогаш намерна активност од страна на даночните обврзници и може да произлезат заради недоволно познавање или несоодветно толкување на законската регулатива, ненамерни грешки, но и од незаконски активности кои имаат основна цел плаќање на помал данок.“– велат од УЈП.

Анализата пак на УЈП на што се должи зголемувањето на новоутврдениот данок при контролите на даночниците во 2018 година во однос на 2017 година покажала дека тоа е резултат на наодот утврден кај еден даночен обврзник. Затоа, велат не може да се толкува дека има зголемување на даночната евазија на цела популација на даночни обврзници.

Бизнисмените пак велат има повеќе причини зошто компаниите се обидуваат да ги заобиколат давачките.

„Прва причина е чуството на неказнивост базирано врз намалената контрола, потоа генералната одлука на компаниите да се остане во сивата зона, грешката со воведувањето на прогресивниот данок, перцепцијата за корупција, недостатокот на лесен увид за управување со јавните финансии, како и искористувњето на моментумот на чести избори” – вели Миле Бошков од Бизнис конфедерацијата на Македонија.

Во годишниот извештај на УЈП стои и дека во истиот период УЈП наплатила речиси 1,6 милиони евра глоби од компаниие, од кои речиси 637.000 евра се за сторени даночни прекршоци, а 938.000 евра поради невоведени или некористење на фискални апарати.

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра оти паднале на Управен суд, но не само за даноци туку и за други јавни давачки

Извештајот покажува и дека Управниот суд утврдил прекршувања на постапки, поради што се поништени 601 решение на УЈП, а Управата во 2018 година поништила износ од 7 милиони евра платени даноци и давачки од компаниите кои поднеле тужби до Управен суд.

Така Управниот суд решил и доставил одлуки до УЈП за 999 тужби кои му биле доставени во претходни периоди и во текот на 2018 година. Од нив во 398 решенија бил утврден соодветен данок и друг јавен приход, споредна даночна давачка како и други јавни давачки во вкупен износ од 13,7 милиони евра додека во 601 решение се констатирани прекршувања на постапки кој ги водела Управата за јавни приходи.

„Тие износи во овој случај се поништуваат, а предметите се решаваат повторно применувајќи ги упатувањата дадени во одлуките од Управниот суд. По тој основ се поништува вкупен износ на наод од 432,441,907 денари (7 милиони евра) кој износ бил утврден во 155 решенија поништени од страна на Управниот суд во постапка по тужба.“- стои во Годишниот извештај на УЈП.

Од Управата велат тоа не се само решенија за даноци, туку и други јавни давачки кои таа требало да ги наплати.

„Напоменуваме дека УЈП покрај тоа што ги администрира даноците и другите јавни приходи како и споредните даночни давачки, исто така во однос на наплатата е задолжена и за други јавни давачки кои и се доверени да ги управува, како и ненаплатените парични казни, односно глобите и трошоците изречени во парничните, кривичните и управните постапки во корист на Република Македонија. Во бројката во извештајот треба да се има во предвид дека не се опфатени само даноци, туку и други јавни приходи, споредни даночни давачки како и други јавни давачки од 2018 година, но и од минати години.“– стои во одговорот од УЈП.

Извештајот покажува и дека поради откриени тешки прекршувања на законите, УЈП поднела 22 кривични пријави до Основните јавни обвинителства во кои се осомничени 13 компании и 24 физички лица.

Графичка обработка: Виктор Ѓуровски

Новинарска обработка: А.Ф

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!