fbpx
Почетна ИНТЕРВЈУА Во серијалот "Гласот на бизнисот": зборуваме со Стојче Тасков

Во серијалот “Гласот на бизнисот”: зборуваме со Стојче Тасков

Во првата епизода од Гласот на Бизнисот зборуваме со Стојче Тасков , сериски Start-UP инвеститор, иновациски експерт, сопственик на INBOX,за да откриеме како фирмите функционираат и се справуваат со новонастанатата ситуација со Covid-19.

1.Кажете ни во кратки црти со што се занимава Вашата компанија и колкав број на вработени има?

Инбох е создаден со мисија да им помогне на компаниите да ги менаџираат своите информации ефикасно и секогаш да ги имаат фактите на располагање. Тоа е хетерогена и комплекса работа бидејќи фактите се запишани на хартија, на микрофилм, или во виртуелен диск простор. Како и да се запишани, ние ги организираме, ги конверитираме и доставуваме на најефикасен можен начин. Меморијата е добра за евоцирање спомени, но е бескорисна во бизнис релации, затоа треба сите да се инбохираат и да работат со факти!

Во Инбох вработуваме помеѓу 55 и 125 луѓе, зависно до обемот на конверзија на документи што во даден момент се бара од Нас. Некои компании конвертираат хартија во дигитал, некои микро-филм во дигитал формат, и тоа секогаш зависи до пазарни движења, Ние секогаш одговараме со флексибилност во бројот на луѓе и исклучителна технолошка платорма што ја поседуваме.

2.Какво влијание има новонастанатата состојба со коронавирусот на Вашиот бизнис?

Кога движењето на луѓето е ограничено, тогаш се кристализира смислата на мисијата на Инбох во која информациите може да се движат без да се движат документите и луѓето. Ние можеме сите документи да ги прочитаме со софтверски прогами и да ги напраавиме дигитални, достапни и читливи од било кој електронски апарат.

Нашиот главен предизвик со Коронавирусот е здравствениот предивик. Тоа не е прашање “ што ние правиме во ИНБОХ“ , бидејќи таму сме санитизирани како хируршка клиника, туку предизвикот ни е како да ги истренираме, обучиме и мотивираме вработените со истата педантност да се однесуваат НАДВОР ОД ИНБОХ, дома и во приватниот живот, за да не ја донесат болеста во своите домови, да ги загрозат своите семејства и компанијата од која живеат.

Бидејќи сите живееме во вредности мрежи (синџири) вториот предизвик е како да им помогнеме на клиентите. Ние имаме капацитет да ги опслужиме со сите информации, но доколку тие имаат проблем со својот бизнис, реално е дека ќе имаат проблем со плаќање на фактурате за услугите што ги создава нашиот бизнис. Тоа е предизвик што ќе се појави доколку Државата не успее да се справи со здравствениот проблем во рок пократок од 2 месеци. Тогаш тој здраавствен предизвик ќе прерасне во верижен ликвидносен проблем. Во држава во која ДДВ то се плаќа на издадена а не на наплатена фактура, журката на неликвидност ќе биде повирална од вирусот што ја започна.

3.Какви мерки ќе преземете на краток, среден и долг рок да го заштитите вашиот бизнис и да им помогнете на вашите купувачи и соработници?

Првата и основна задача ни е да го заштитиме здравјето на вработените. Нашата прва “ Pre-Mortem” сесија (замислена аутопсија на живо тело) за анализа на последиците почна со зборовите “ Што ако изгубиме вработен! Потоа што ако се разболиме, не изгубиме никого но бидеме затворени и ставени во карантин“. Од тие премиси креиравме серија на заштитни мерки сите да се заштитиме, да се едуцираме и да се чуваме себеси си и да ја чуваме компанијата отворена.

Прво создадовме принцип на тотална дезинфекција луѓе, возила и карантин на документи, Секој документ што доаѓа према инбох, прво се дезинфицира, потоа седи во карантин 72 часа, и дури потоа архивски се обрабтоува.

Второ поставивме строги правила за движење низ компанијата, носење заштита опрема, дезинфекција на влез во објект, во сала, во депо. Социјална дистанца и одговорност како принцип.

Потоа се поделивме во 3 групи! Една група работи во Централен објект- 1, друга група работи во одделен објект – 2 и трета група работи од дома. Со тоа направивме сценарио каде 1 заболен може да однесе во карантин 1/3 од компанијата но неможе да ја сопре целата компанија да работи.

За нашите клиенти создадовме БЕСПЛАТЕН пристап, за да користат дигитални услуги, да не подаваат и разнесуваат документи по канцеларии, да не лижат прсти за да прегледаат и споделуваат документи. Технологијата што ја поседуваме, софтверите и платформите за дигитално работење ги ставаме на располагање на сите клиенти, бесплатно додека траат вонредни мерки и состојби во државата. Тоа е нашиот дел од солидарноста и одговорноста.

4.Што очекувате како помош од државата и што доколку очекуваната помош не ја добиете?

Икрено мислам дека е време на социјална солидарност и лична одговорност. Прво секој, пред да бара помош треба да се погледне во огледало и да се праша дали треба да бара или да понуди помош! Второ очекувам дека државата ќе направи правилна сегментација Кои бизниси се најпогодени ( без да се води од принципот кое бебе плаче најгласно тоа ќе добие цицка) и Ќе им помогне на најслабите и административно затворените. Правете разлика некои не работат затоа што нема работа а некои не работат ЗАТОА ШТО ИМ Е ЗАБРАНЕТО. Тое не е исто. Сите на кои им е забрането, мора да бидат први обештетени. Потоа по сегментација и импакт да им се помогне на бизнисите што се загрозени од пазарните шокови. За бизнисите кои не се во овие 2 категории на директен импакт, Фер политика би била да се штити ликвидноста , да не се бара аванс на данок на добивка и да не се наплаќа ДДВ од издадена туку од наплатена фактура. Тоа денеска со софтверски програми лесно се решава и може да биде клучот на ликвидноста на здравите бизниси. Сите други мерки се веќе кажани, банките излегоа со својот дел од приказната, телекомите и јавните сервиси и тоа е за почит.

5.Ваше мислење како ќе се развива состојбата во вашата индустрија?

Нашата индустрија е индустријата на чување и размена на податоци и информации. Бидејќи информациите се мултиплицираат побрзо од вирусот, Таа не запира, расте и се зголемува Но и пред коронавирусот имаше дисраптивна патека и принципот е јасен “ Оди дигитал или оди си дома“ тоа е патеката на нашата индустрија. Ние одлучивме да го превземеме водството и во тој процес, да овозможиме 100% дигитал, да овозможиме конверзија на хартија во дигитал и да го зачуваме наследството што е запишано на хартија. Вирусот САМО ЈА ЗАБРЗА ТРАНСФОРМАЦИЈАТА. На тие што не им беше јасно вчера, денеска им е касно. Тоа е тоа во нашата индустрија.

6.Ваш предлог за подобрување на состојбата и Ваша препорака до останатите работодавачи и потрошувачите?

Не верувам дека постои човек што знае што ќе се случува во следните 5 дена а не во следните 30 или година дена! Тука Јас ја користам стратегијата на Хенри Кисинџер “Зумирај во деталите за да носиш дневни одлуки, потоа Одзумирај далеку наназад за да носиш стратешки одлуки, но немој да носиш стратешки одлуки на дневни дразби и детали.“ Искуствата што се сумираат од Кина, покажуваат дека ако кризата се реши во период пократок од 2 месеци, бизнисите се враќаат назад рапидно брзо. Ако трае подолго, времето на опоравување ќе зависи од односот кон промените. Кој се адаптирал на нови вредносни мрежи ќе расте, кој не го направил тоа ќе пропадне. Работите се менуваат од ден за ден, но принципите и моралноста не. Моите пораки се водени од моите принципи и постапки и тие се:

1. Чувајте го здравјте на вработените, клиентите и потрошувачите. Денеска неможете да претерате со мерки за заштита, што повеќе тоа подобро.

2. Чувајте ги релациите со клиентите, отворајте нови канали за комуникација, имплементирајте нови технологии и нови канали за дистрибуција и бидете адаптивни кон искуствата што ги создавате. Не мислете на краток рок, мислете на среден и долг рок. за 90 дена ќе се оформаат нови вредносни мрежи, базирани на нови технологии, кои воведуваат нови процеси и рутини. Мислете дали и како Вие сте позиционирани во Тие мрежи.! ? ако бидете исфрлени од тие мрежи сега, тоа ќе биде засекогаш.

3. Слободните ресурси што се вишок во вашиот тактички план, (3-6 месеци) можат да се искористат во стратешки план за реструктурирање на бизнисот или може да се понудат во лизинг или наем во бизниси или социјални дејности што денеска имаат краткорочен недостаток од луѓе. Тоа се искуства од Кина и Јапонија и функционираат супер.

4. Бидете ОДГОВОРНИ а не себични. Луѓето во состојба на шок паметат се, можеби не реагираат од страв, но паметат. Што денеска ќе перцепираат за Вас, тоа ке им остане во меморијата за следните 5 години.

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!