fbpx
Почетна ИНТЕРВЈУА Во серијалот "Гласот на бизнисот": зборуваме со Војдан Карапетковски CEO на Kara5

Во серијалот “Гласот на бизнисот”: зборуваме со Војдан Карапетковски CEO на Kara5

Во шестата епизода од “Гласот на Бизнисот” зборуваме со Војдан Карапетковски CEO на Kara5 ,за да откриеме како фирмите функционираат и се справуваат со новонастанатата ситуација со Covid-19.

1.Кажете ни во кратки црти со што се занимава Вашата компанија и колкав број на вработени има? 

Кара5 е дигитална маркетинг агенција основана со едноставна филозофија: посветени на прогрес и создавање вредност. Компанија која се грижи за прогресот на своите клиенти, растот на своите вработени и соработници, и вредноста на своите услуги и прозводи кои ги создава.

Заедно со своите надворешни соработници, Кара5 е составена од високо квалитетен тим од 20 луѓе, способни и мотивирани да обезбедат решение за било која потреба на своите клиенти.

Кара5 овозможува дигитална еволуција и дигитална трансформација за своите клиенти, преку комплетна дигитална услуга која вклучува: истражување на пазар, истражување на конкуренција, дизајнирање и развој на персонализирани веб решенија, креирање на дигитална стратегија, создавање на дигитална содржина и спроведување дигитален маркетинг базиран на дата и податоци.

2. Какво влијание има новонастанатата состојба со корона вирусот на Вашиот бизнис?

Доколку ги земеме во предвид само моменталните и тековните приходи, влијанието на Covid-19 е доста негативно. Кaра5 е силно поврзана со успехот на своите клиенти, а оваа состојба силно погоди 70+% од нашите партнери. Кога зборувам за нашите клиенти/партнери, зборувам за 20+ компании од Швајцарија, Австрија и Македонија, од најразлични индустрии, присутни на најразлични пазари.

Сепак, Covid-19 има и свое позитивно влијание, особено врз идниот раст и идните зголемени потреби за дигиталната дејност. Затоа што оваа новонастаната состојба, на сите компании кои не се доволно присутни во дигиталниот свет, им ја кристализираше неопходноста од нивното дигитално Јас, а пак на оние присутните, им овозможи нивно функционирање, дури и во време на една ваква криза.

Новонастанатата криза, изврши силно влијание врз потребата за трансформација на традиционалните компании во дигитални бизниси, кое за Кара5 значи голем прогрес, особено по завршувањето на истата.

3. Какви мерки ќе преземете на краток, среден и долг рок да го заштитите вашиот бизнис и да им помогнете на вашите купувачи и соработници?

Прва и основна цел беше да го заштитиме здравјето на нашите луѓе и затоа донесовме одлука за работа од дома. Веќе 3та недела како секој еден од тимот на Кара5 ги извршува своите работни задачи од дома. Мерка која за нас беше едноставно да се донесе, затоа што имаме одлично поставен процес на дигитална комуникација и организација, кој ни овозможува беспрекорно работење и во домашни услови.

За класични мерки на краток, среден и долг рок е тешко е да се зборува, затоа што неизвесноста е голема, а планирањето и предвидувањето се речиси невозможни во вакви од-ден-во-ден променливи услови. Одлуките се носат на дневна основа, но сепак со одредена стратешка визија за иднината.

Наши главни цели беа помагањето на сите наши клиенти и партнери, задржувањето на сите луѓе на работа и обезбедување на финансиите за наредните 3-5 месеци.

Од почетокот на Март започнавме со кризни состаноци со сите наши партнери, и поставување на хипотетички ситуации 1,2,3,4,5. Имајте предвид дека точка 5 е најлошото можно сценарио, а со повеќето сме дојдени до точка 4. Сепак сме среќни, затоа што и во време на ваква криза, успеавме да премостиме многу препреки и пронајдеме пат за нивно фукнционирање.

Донесовме одлука за задржување на сите наши вработени и соработници, по секоја цена и во било какви услови. Се работи за мерка која Кара5 ќе ја чини трошење на нејзиното cash-flow, создавано долг временски период, како и дополнително позајмување. Но, нека чини колку и да чини, затоа што најважни се луѓето, а парите како пари, тие се само бројка, и истите повторно ќе се создадат и одработат од истите овие луѓе кој го создале ова стабилно cash-flow и кои ќе овозможат да се врати нашето дополнително позајмување.

4. Што очекувате како помош од државата и што доколку очекуваната помош не ја добиете?

Помош од државата, слободно можам да кажам дека ниту некогаш сум очекувал ниту пак сега очекувам. Без оглед што по сите параметри, и нашата компанија ќе влезе во загрозените како и целиот бизнис сектор.

Доколку државата сепак предвиди пакет мерки за помош, тие ќе бидат добредојдени во претходно проектираниот раст на платите на сите наши луѓе.

Мерка која ќе ја искористиме од државата, а која не ја гледам толку како помош, повеќе како услуга, а државата ќе мора да ја направи за сите компании и за општата ликвидност, е бескаматното задолжување, и истата дефинитивно ќе ја искористиме, кога и да биде неселективно овозможена.

Дополнителна мерка која пак државата е потребно да ја донесе, и истата е потребно да важи од сега и засекогаш во иднина, е наплатувањето на своето ДДВ да го врши врз основа на наплатена фактура, а не врз основ на издадена. Се работи за фер мерка а не за помош, која во сегашната ситуација е особено важна за подобрувањето на ликвидноста на компаниите.

5. Ваше мислење како ќе се развива состојбата во вашата индустрија?

Несомнено е дека нашата индустрија и нашата компанија ќе растат, особено по завршувањето на кризата. Затоа што Ковид-19 ќе биде предводник за потребата од дигитална трансформација и дигитална еволуција на сите традиционални компании, а Кара5 ќе биде тука во целиот тој и иден период, да им овозможи сигурно, лесно и успешно трансформирање и еволуирање, базирано на искуство, дата и податоци, техничка експертиза и подготвеност за пресретнување на секакви предизвици.

6. Ваш предлог за подобрување на состојбата и Ваша препорака до останатите работодавачи и потрошувачите?

Лесно би било да зборувам за предлози за подобрување на состојбата, но перспективата и моето поимање на работите од позицијата на која се наоѓам, сметам дека се доста ограничени за давање на конструктивни предлози за надминување на истата.

Доволно е да се следат мерките кој ги превеземаат држави како Канада, Австрија, Швајцарија или пак регионално гледано Словенија и ќе се согледаат чекорите за најбрзо премостување на кризата. Секако прилагодено согласност тоа колку нашите услови дозволуваат.

Лично мое мислење е дека државата не треба да стравува од било какво задолжување во моментов, колку поголемо можно, толку подобро. Затоа што парите дадени во превентива, ќе чинат 3 пати помалку, отколку потребните подоцна за санирање на последиците, а секако тие средства, сите ние ќе ги враќаме.

Додека пак компаниите треба да се борат за своите луѓе, беспоштедно, со сите средства, прошли, акумилирани и идни проектирани, затоа што средствата се прават, а луѓето и моментите кои се важни за сите нас, не се враќаат. Времето е такво и треба да покажеме вистински кои сме и што е тоа што не прави луѓе

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!