fbpx
Почетна ВЕСТИ Земјите од Европската Унија се согласија на финансиски пакет од 540 милијарди...

Земјите од Европската Унија се согласија на финансиски пакет од 540 милијарди евра за справување со последиците предизвикани од коронавирусот

По неколку неуспешни обиди, министрите за финансии на ЕУ во четвртокот (9 април) договорија пакет од 540 милијарди евра за поддршка на државите членки, компании и работници за справување со кризата предизвикана од коронавирусот, откако Холандија и Италија ги надминаа своите несогласувања. Лидерите во следниот период ќе разговараат за план за економско закрепнување со креирање на фонд така нарачен “корона обврзници”.

Договорот беше постигнат во четвртокот вечерта по интензивната рунда билатерални разговори што го одложија почетокот на телеконференцијата за повеќе од четири часа.

Нацрт-планот конечно беше поддржан од Италија и Шпанија, двете земји најтешко погодени од коронавирусот и Холандија кој беше последната земја која се противеше на лесни услови за мали заеми кој ќе треба да ги одобрува Европскиот механизам за стабилност ЕSM- (фонд спасување на еврозоната).

Германија и Франција го подржаа претседателот на Еврогрупата-Марио Центоно, во неговите напрои на посредување за пронаоѓање компромис помеѓу земјите членки, откако 16 часовната телеконференција во средата заврши неуспешно.

Пакетот претставува огромна безбедносна мрежа од 540 милијарди евра кои ќе се доделат на земјите-членки преку ESM, за компаниите во евро зоната oвие средства ќе се доделат преку Европската Инвестициона Банка, а за работниците помошта ќе биде достапна преку новиот инструмент на Евопската Комисија така наречен SURE.

Праите од Европскиот механизам за стабилност (ESM) ќе бидат достапни само за земјите членки на Европската Унија.

Но, економскиот одговор на кризата сè уште не е целосно комплетен. Лидерите на земјите членки на ЕУ ќе го додадат последното парче од сложувалката во наредните денови со план за обнова на економијата вклучувајќи го и прашањето за издавње така наречени. „корона обврзници“, се ова ќе започне откако пандемијата ќе започне да се повлекува.

“Планот за економско закрепнување содржи смели и амбициозни предлози што ќе беа незамисливи пред само неколку недели“, рече Марио Центоно, португалскиот министер за финансии, кој претседаваше на телеконференцијата одржана од Еврогрупата.

„Најважно е што ние успеавме да се соочиме со предизвикот – нашите граѓани не заслужуваат ништо помалку од тоа“, рече тој по состанокот.

“Со овој пакет мерки ќе им помогнеме на земјите на кои им треба инта помош на кратот рок кое ќе допринесе за градење на елстични економии на долг рок. Ова е моќен и јасен знак за европска солидарност “, рече холандскиот министер за финансии, Вопке Хоекстра.

Главната точка на расправија беше инсистирањето на Холандија да се бара макроекономски реформи за земјите што ќе аплицираат за поддршка од Европскиот механизам за стабилност (ESM). Околу 2% од БДП на еврозоната (240 милијарди евра) ќе бидат достапни за земјите кои бараат помош за да се спротивстават на негативното економското влијание предизвикано од коронавирусот.

ЕSM предложи „лесни услови“ за подигнување заеми само за трошоци поврзани со коронавирусот и општите обврски се само придржување кон фискалните правила на ЕУ. Но, ова не беше доволно за Хаг.

Холандија и Италија со денови беа со спротиставени ставови, бидејќи Рим најпрво ги сметаше за неприфатливи дури и „лесните“ услови што ги предложи ESM.

Рим инсистираше на „корoна обврзници“ за заеднички да ги финансираат трошоците за закрепнување на економијата без дополнително да го зголемуваат нивниот јавен долг, кој моментно изнесува 135% од БДП на земјата.

Земјите би можеле да побараат евтин заем од ESM за да се справат со другите трошоци, вклучително и влијанието на мерките за ограничување, но во тој случај тие ќе мора да прифатат реформи. „Тоа е фер и разумно“.-изјави Хоекстра

Механизмот за сигурност на Комисијата наречен SURE бил уште една причина за конфликт, овој пат помеѓу Холандија и Шпанија.

Холандија побара гаранција за новиот механизам дека ќе биде само привремено решение аз нервработените и дека нема да се рашири како стимул за неработеност низ Европската унија. Шпанија жестоко се спортистави на овие мерки бидејќи Мадрид во моментов води по бројот на невработени.

Конечниот договор беше дека „примарната цел“ на SURE е да ги заштити работниците, објасни Центоно, иако Холандија успеа да додаде во конечниот договор дека механизмот може да опфати и „некои мерки поврзани со здравјето“.

Договорот сепак е само прва битка во економскиот одговор на вирусот. Лидерите ќе се соочат со поoстри преговори за склучување договор за економскиот планот за закрепнување кои ќе предстои во следните месеци а најжешката тема на разговор ќе биде како да платат за сето тоа.

Обемот на инвестицијата ќе биде огромен. Економијата на еврозоната може да падне за 10%, предупреди Европската Централна Банка минатиот вторник.

Група од девет држави, вклучително и Италија, Шпанија и Франција, сакаат да се издадат „корона обврзници“ за да ги поделат меѓусебно за трошоците за закрепнување земјите членки. Но, неколку земји, вклучително и Холандија, Германија и Австрија, се спротивставуваат на овој предлог.

“Некои земји членки мислат дека треба да се справат со ситуацијата со создавње на заеднички долг, додека друга група на земји се спротистауваат на ова решение и мислат дека треба да се порнајде друга алтернатива”- рече Центоно.

Извор:Euractiv

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!