fbpx
Почетна ВЕСТИ Зошто стапкaта на смртностa од коронавирусот во Јужна Кореа е толку ниска?

Зошто стапкaта на смртностa од коронавирусот во Јужна Кореа е толку ниска?

Јужна Кореа e втората земја по Кина со најголем број заболени од коронавирусот (Covid-19) ,но и покрај тоа ја има најниската стапка на смртни случаи помеѓу земјите со најголем број на заразени.

Според свестската здравствена организација (WHO) соодносот на смртни случаи од Covid-19 се добива кога бројот на смртни случаи ќе се подели со бројот на заразени – во најчест случај каj поголемиот број на земји изнесува 3-4%. Во Јужна Кореа на 9 март таа бројка изнесуваше 0.7%.

Од 7,478 случаи кои беа потврдени од Корејскиот центар за контрола и превенција на болести (KCDC) во понеделникот имаше само 51 смртен случај, додека во Италија беа потврдени 7,375 нови случаи на заболени од корона вирусот и 366 нови смртни случаи,а во Иран беа потврдени 7,161 нови случаи на заболени од коронавирусот и 237 нови смртни случаи.

Среде избувнувањето на вирусот, Кина ја искористи стратегијата “Големиот Ѕид” за да отсече цели градови со цел да може да го ограничи ширењето. Јужна Кореа се одлучи за полиберален пристап, дури и најпогодениот град Дагоу не е изолиран. Со овој успешен начин на функционирање стана пример како демократските земји би можеле да се справат со корона вирусот.

Што стои позади ниската смртност во Кореа од вирус кој го исплаши светот? Владиниот брифинг за странски новинари во Сеул минатиот понеделник даде неколку клучни причини.

Главниот фактор е силен здравствен систем ,претходно искуство со појава на вируси и добра општа припрема:агресивно извршување на протоколите за тестирање, изолација и третман, целосно поткрепени со законот.

Активирање на системот

Јужна Кореја реагираше на кризата со енергичност, распоредувајќи низа легални, медицински, технолошки и јавни комуникациски центри.

Земјата можеше да делува толку ефективно само поради малку среќа која ја имаше од претходни искуства со SARS и MERS, Корејскиот центар за контрола и превенција на болести- сосем случајно во Декември 2019 спорведе вежба за справување со корона вирус.

Резултатот од спроведената вежба можеше да се види следниот месец кога тој официјално се појави во Јужна Кореа. Тестирањето започна на 11 Јануари, Квон го потврди првиот случај со коронавирус на 19 Јануари.

Набргу станаа активни контакт ценри, драјв тру центри и термални камери- кои беа поставени на згради и на јавни места за да може да се детектираат лица со покачена температура. Јужна Кореа има во залижа околку 190 000 тестови, според заменик генералниот директор на (KCDC) Kwon Jun-wook и има можност да набавува по уште 20 000 тестови дневно.

Тестовите се ефтини и лесно достапни за граѓаните. „Приборот за тестирање е околу 130 американски долари,половина е покриен со осигурување а другата половина ја плаќа лицето кое се тестира “, рече Квон. Oние кои после тестирањето ќе бидат позитивни на коронавирусот нема да платат за тестирањето.

„Не постои такво нешто како премногу тестирања за време на пандемија“, рече Дан Срикленд, пензиониран американски епидемиолог за Азија Тајмс. „ Цела на целото тестирање е да се фатат сите случаи кои наликуваат како да се носители на вирусот а всушност не се, но исто така и за да се фатат поблагите случаи кои ги немаат сите симптоми на вирусот.”

Специјализирани центри и болници со посебна опрема и обучен персонал се отворени со единствена цел да го задржат вирусот подалеку од регуларните болници. Системот за тријажа овозможува само оние со сериозни симптоми да бидат примени на одделенија за лекуваење. Домашен карантин со телефонски линии за медицински консултации се применува насекаде низ земјата.

Широко распорстането тестирање

Случаите на инфекција на Јужна Кореја беа минимални сè до третата недела во февруари кога бројот на случаи одеднаш експлодира на југоистокот на земјата – како резултат на поврзани инфекции помеѓу луѓе кои присуствувале на тајните литургии кои ги одржува тајната Христијанска секта, Шинчеонџи (Shincheonji).

Дури 63% од случаите во Кореа се имаат раширено преку сектата според официјалните податоци на Корејската влада.

Бидејќи членовите на сектата Шинчеонџи (Shincheonji) ги има насекаде низ земјата владата ја побара и ја доби листата на членови. Спротивно од гласините и обвинувањата, претставник од врвот на владата ги отфрли сите обвинувања и потврди дека црквата отворено соработувала со претставниците на владата.

„Целосно истражување е спроведено врз основа на информациите дадени од нивната канцеларија, добивме многу детални информации: бројот на членовите, нивните лични информации и локацијата на нивните црковни објекти“, рече заменик министерот за здравство и благосостојба Ким Ганг- Лип, кој е главниот координатор на Централниот штаб за Централна заштита и превентивни мерки.

„Вреодостојноста на инфорамциите беше потврдена преку административно истражување“-вели Ким. „Ги проверивме нивните информативни системи за да ги потврдиме инфомациите дали тие навистина соработуваат.”

Владата ги тестираше сите 211,000 следбеници на црквата.Приоритетни беа тие кои имаа симптоми,а подоцна беше спорведено тестирање и на тие кои не покажуваа никакви симптоми на вирусот,за да бидеме сигурни дека тие не се носители на вирусот.

„Во првата фаза на заразата, имплементиравме изолација на сите случаи и следење на сите лица кои биле во контакт со заразениот, сите овие мерки ги спроведовме на најекспедитивен начин. “- вели Ким Донг-Хун од Корејското општество за епидемиологија.

„Ние имаме легални мерки за изолација на одредена група луѓе”- рече Квон ,,Немаме никаква намера за кршење на човековите права се што правиме е за заштита од епидемијата” Основите на овие закони потекнуваат уште од времето на MERS пандемијата. Нови легални мерки ќе бидат донесени во Април.

Следењето на случаите се врши преку безбедносни камери кои ги следат податоците и користат специјални техники за детектирање на болни.

Рано дијагностицирање и брзо започнување на лекувањето

Болните се ставени во карантин со што се намали ширењто помеѓу популацијата, но најбитното за ниската стапка на смрни случаи е раниот третман за болните од вирусот.

„Извршивме тестирање и на следбеници на црквата кои не покажуваа и никакви симптоми на вирусот , така успеавме рано да ги детектираме сите случаи. ”-вели Ким Се создаде голема база на податоци за ефективни мерки и начини на лекување.

„Благи и асимптоматски случаи беа пронајдени со ова ја смаливме стапката на смртност“, рече Ким. „Мислам дека успеавме да ги идентификуваме скоро сите благи случаи…. од тој аспект Кореа е прилично исклучителна, и ни овозможи да собереме детални податоци “.

И покрај паничните наслови за недостаток на медицински средства за Covid-19, раниот медицински третман нуди шанса за преживување дури и кај најтешките случаи.

„Вирусна пневмонија, дури и кога е комплицирана од бактериска пневмонија на тело со оштетени внатрешни органи(срце, бубрези,мозок,очи), е потенцијално надминлива“, рече Оган Гурел, лекар што работи како професор во Јужна Кореја,„Потребна ви е само напредна медицинска нега – и кислород“.

Улогата на староста

Освен тоа што Кореа беше спремна по вежбите во декември за корона вирусот тие имаа и многу среќа бидејќи најголемата група на заразени беа млади кои имаат силен имунитет и се отпорни на корона вирусот главната причина поради која наголем дел залобени беа млади е сектата Шинчеонџи (Shincheonji) од причина што нивните членови во глобала се млади луѓе.

Најголемиот број на носители и заразени од корона вирусот се во нивините 20ти или 30ти години- рече Ким поради тоа смртната стапка е толку ниска. Во споредба со Кина во Кореа многу поголем дел од заболените се млади.

Според последните податоци објавени до новинарите во Јужна Кореа нема смртни случаи кај лица помлади од 29 години.

Но, сепак и стапката на смртност кај постарите лица(70-80 години) е многу помала во споредба со Италија и Јапонија, благодарение на раната детекција и рано започнатото лекување на заразените.

Неодговорени прашања

Поминаа три месеци од кога се појави вирусот во Кореа. Стапката на новозабоелни се од ден за ден се намалува (погледнети ги бројките долу) возможно е наскоро да се прогласи победа.

„Премногу е рано да кажеме дали сме биле успешни или не”- рече Ким Донг-Хун. „Сеуште сме во процес на изучување на вирусот”

Со порастот на бојот на заболени во последните три недели, ризикот за ненадејна смрт се зголемува, можноста вирусот да постои во биолошкиот систем на илјадници заболени сеуште постои.

Од друга страна малата стапка на смртни случаи од корона вирусот ќе продолжи. Ако навистина е така бројките ќе покажат многу помала смртност од очекуваната.

Еден експерт мисли дека бројките во Кореа се супериорни во споредба со Светската Здравствена Организација (WHO).

„Смртните стапки скоро секогаш се преценети бидејќи недостигаат тони луѓе кои немаат [симптоми]“, рече стаистички генетичар од САД, кој сака да остане анонимен. „Лажните позитивни случаи се помал проблем отколку масите што не се испитани“.

Тој додаде: „ Во поголем интерес на медицинските лица да е да претераат со обемот на ризикот со цел да се добие поголемо финансирање од владата:„ Финансирајте ме и можеби нема да умрете “, е убедлив аргумент!“

Различните култури различно се справуваат со епидемијата конкретно корејскиот начин на исхрана влијае позитивно во спраувањето со корона вирусот бидејќки зголеменото конзумирање на лук во традиционалната кујна овозможува посупериорен имунитет кај поголемиот дел од популацијата.

Но сепак професионалците се скептични во врска со оваа констатација ,,Нема докази дека Корејците или било кои други нации имаам посебно јак имунитет”- вели Гурел.

За крај големата слика е големиот број на тестирања за постоење на корона вирусот кај одредени лица и ниската стапка на смрност не се едниствениот пат напред. Соседна Јапонија има помал број на заболени но поглем процент на смртни случаи.

„Многу бевме слини на почетокот на ширњето”-рече Ким „Во Јапонија, постои недостаток на опрема за тестирање и тие се фокусираат само на пациенти кои покажуваат симптоми. И тоа може да биде прилично добра стратегија”.

Потвредни случаи на Covid-19 во Jужна Кореа:

20 јануари: Прв случај

Вторник на 18 февруари: Жена поврзана со црквата Шинхонџи е позитивна на Корона вирусот

Среда 19 февруари: Вкупно 51 случаи.

Четврток 20 февруари: Нови случаи: 53. Вкупно 104

Петок 21 февруари: Нови случаи: 100. Вкупно 204

Сабота 22 февруари: Нови случаи: 229. Вкупно 433

Недела 23 февруари: Нови случаи: 169. Вкупно 602

Понеделник 24 февруари: Нови случаи: 231. Вкупно 833

Вторник 25 февруари: Нови случаи: 144. Вкупно: 977

Среда 26 февруари: Нови случаи: 284. Вкупно: 1261

Четврток 27 февруари: Нови случаи: 505. Вкупно: 1.766

Петок: 28 февруари: Нови случаи: 571. вкупно: 2.337

Сабота 29 февруари: Нови случаи: 813. Вкупно: 3.150

Недела 1 март: Нови случаи: 586. Вкупно: 3.736

Понеделник 2 март: Нови случаи: 549. Вкупно: 4.335

Вторник 3 март: Нови случаи: 851. Вкупно: 5.186

Среда 4 март: Нови случаи: 435. Вкупно: 5.621

Четврток 5 март: Нови случаи: 467. Вкупно: 6.088

Петок 6 март: Нови случаи: 505. Вкупно 6.593

Сабота 7 март: Нови случаи: 448. Вкупно, 7041.

Недела 8 март: Нови случаи: 273. Вкупно 7.314

Понеделник 9 март: Нови случаи: 164. Вкупно: 7.478

Податоци: Корејски центар за контрола и превенција на болести. Белешка: KCDC објавува бројки во различни периоди од денот. Горенаведената шема е собрана од бројки објавени на крајот на секој ден.

Извор:АsiaTimes

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПРЕПОРАЧАНИ

Обраќање до бизнис заедницата

©Analitika.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Преработувачка индустрија – колку пари се вложуваат во материјални средства?

Според податоците на „Таргет Груп“ јасно е дека најголем процент од големите фирми од преработувачката индустрија се во странска сопственост или се менаџирани од...

Колкави плати исплаќаат фирмите од преработувачката индустрија?

Компании кои имаа најголем број на вработени, котираат високо и според трошоците за вработените, но тоа не значи дека се вбројуваат и во групата...

Кои се водечките бугарски компании во Македонија ?

Најголем годишен раст на добивката прикажале компании од автомобилскиот сектор, финансиите и дејноста со трговија и услуги. Најголем приход пак прикажала компанија...

Колкав е бројот на компании во Скопје чија главна дејност е програмирање?

Во 2019 главниот град се основале 115 компании за програмиање,а згаснале 31 со што бројот на деловно активни компании чија главна...

УЈП поништила решенија „тешки“ 7 милиони евра затоа што паднале на Управен суд

Намерно, од незнаење но и поради грешки, македонските стопанственици сакале да „скријат“ речиси 43 милиони евра данок , покажуваат податоците на Управата...

Скопје рекордер по дивоградби – регистрирани 226, Липково има 68 од кои 63 се објекти за домување

Куќи, деловни објекти, доградби, надградби но и цели згради во земјава се дивоградби - се граделе без одобрение. Институциите калкулираат дека...

Германските фирми во земјава прават бизнис од половина милијарда евра

Во земјава има 322 компании со германски капитал. Нивниот бизнис лани вреди половина милијарда евра, направиле профит од 21,8 милиони евра а...

Кои државни и приватни фирми во Скопје вработуваат најмногу?

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се најголеми работодавачи на територија на град Скопје. Ова го покажува анализата на...

Кои се македонските „газели“ – во земјава има 284 брзорастечки компании

Овие брзорастечки компании таканаречени “газели“ коишто ги зголемиле приходите од работењето по најмалку 20% последните три години, лани инкасирале вкупно 1,65...
error: Content is protected !!